Доктори.мк | Телесни симптоми кои можат да укажуваат на сериозно заболување | Telesni-simptomi-koi-mozat-da-ukazuvaat-na-seriozno-zaboluvanje | Портал за медицина и здравје

Телесни симптоми кои можат да укажуваат на сериозно заболување

За некои знаци на нашето тело луѓето ќе кажат, нормално е без грижа. Дали се во право? Па можеби и се во право, но некои од нив колку да изгледаат бенигно, сепак можат да бидат сериозен знак за некое заболување. Затоа ако редовно ви се појавува некој од долунаведените симптоми барајте лекарски совет. Овие симптоми не укажуваат со сигурност на присуство на болест, но треба да се проверат.

Интензивни црвенила на дланките

Интензивните црвенила на дланките може да се јават како резултат на алергиска реакција, промена на температура и слично, што е нормално и минливо. Сепак црвенилата на дланките можат да укажуваат и на пореметена работа на црниот дроб, затоа ако го забележувате често без причина тогаш, посетете лекар и направете рутинска крвна анализа.

Рано белеење на косата

Да, раното белеење на косата може да биде наследно, но не е така секогаш. Ако вашата коса започне да белее пред 40 години тогаш направете крвни анализи, понекогаш оваа состојба укажува на дијабет.

Ладни екстремитети

Ладните екстремитети можат да бидат прв симптом на кадио васкуларни заболувања, па доколку често ви се случува, посетете лекар тој ќе ви препорача дијагностички методи со кои ќе можете да потврдите или отфрлите евентуално заболување.

Опаѓање на влакната на екстремитетите

Опаѓањето на влакната особено на нозете обично не е наивна појава и може да укажува на сериозни васкуларни пореметувања. Доколку забележите вакво нешто секогаш побарајте совет од вашиот матичен лекар.

Потемнување на кожата

Потемнувањето на кожата може да потекнува од натбубрежната жлезда или други метаболни нарушувања затоа секогаш кога ќе забележите вакво нешто направете рутински испитувања.

www.doktori.mk, 22.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина