Шест факти кои докажуваат дека зеленaта храна е одличен лекар

Зелената храна е посебна приказна кога зборуваме за здрави навики за исхрана. Таа содржи многу корисни состојки за нашето здравје кои не можат да се најдат во ниту една друга храна. Кога зборуваме за зелена храна мислиме на овошја и зеленчуци во кои доминира зелената боја. Денес ви претставуваме осум факти кои докажуваат дека зелената храна е одличен лекар.

Зелената храна одличен извор на  амино киселини

Многу амино-киселини кои се важни за организмот се наоѓаат во зелената храна. Некои од нив се исклучително делотворни бидејќи имаат перфектен против-воспалителен ефект.

Зелената храна штити од катаракта

Бета каротенот кој се наоѓа во зелените растенија е одличен заштитник на очите и превенира дегенерација на макулата. Затоа се препорачува редовно да ја користат сите, особено постарите.

Зелената храна помага при запек 

Зелената храна е содржи многу материи кои го подобруваат варењето на храната ги апсорбираат гасовите и ја забрзуваат цревната перисталтика. Зелената храна е одличен лек против запек или тврда столица.

Зелена храна како профилакса од атеросклероза

По една чаша сок од зелено овошје или зеленчук еднаш дневно е една од најмоќните превенции против атеросклерозата, но и добар лек против разни воспаленија, особено против воспаление на белите дробови.

Зелената храна го штити нервниот систем

Витаминот Б, Ц, како и останатите состојки кои ги содржи зелената храна се одличен чувар на централниот и периферниот нервен систем.

Зелената храна е одлична против вишок на течности

Калиумот од зелениот зеленчук е моќен диуретик ви помага да се ослободите од вишокот на телесни течности, а со тоа и да го намалите крвниот притисок.

 

www.doktori.mk, 20.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана