Како да останете упорни во редовната физичка активност

студент на медицина

Поголемиот дел од луѓето кои започнуваат со трчање по долга физичка неактивност се префорсираат. Трчајќи долго без паузи, се до последниот здив предизвикува болка во мускулите. Тоа ги приморува привремено да се откажат од трчањето и со тоа се губи континуитетот, а често пати луѓето и целосно се откажуваат. Следуваат еколку совети кои имаат клучно влијание за успех.

  • На самиот почеток, започнете со одење

  • Потоа направете микс помеѓу трчање и одење со чести паузи

  • Останете мотивирани

  • Поставете си достижна цел

  • Трчајте со пријател

  • Водете статистика

Доколку ги следите советите, сигурен сум дека ќе имате успех. Успех при подобрување на кондицијата, но исто така и успех врз вашето здравје, бидејќи трчањето :

Го подобрува здравјето

Секојдневната физичка активност помага да си го сочуваме и унапредиме здравјето. Трчањето го зголемува добриот(HDL), а намалува лошиот холестерол(LDL)  и триглицеридите, што допринесува да го сочуватее вашето срце здраво, а вашите крвни садови флексибилни и проодни.

Превенира болести

Покрај тоа што ги спречува кардио-васкуларните болести, оваа активност исто така го намалува и ризикот од срцев и мозочен удар. Препорачливо е за луѓе кој имаат висок крвен притисок, боледуваат од остеопороза или дијабетис.

Ослободува од стрес

Стресот е предизвикувач на голем број болести во денешното општество. Исто така влијае и на расположението. Трчањето помага да се оттргнеме од секојдневието и да заборавиме на проблемите. Сетто тоа ја намалува и депресијата.

Го подобрува сонот и менталните функции

Луѓето кои трчаат значително ги намалуваат проблемите со несоницата. Исто така, трчањето влијае и на самодовербата и продуктивноста. Луѓето кои редовно трчаат, покажуваат и  подобри резултати во учењето или други ментални активности.

Ја регулира телесната тежината

При трчање губиме калории. Со тоа ја менуваме структурата на телото, а ова е можеби најзначајнтиот проблем кај поголемиот дел од физички неактивната популација.

 

Дознјате повеќе за Стефан Илиевски>>> 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 20.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил