Доктори.мк | Подгответе едноставни, лесни и здрави салати погодни за дијабетичари | Podgotvete-ednostavna-lesna-i-zdrava-salata-pogodna-za-dijabeticari | Портал за медицина и здравје

Подгответе едноставни, лесни и здрави салати погодни за дијабетичари

Често зборуваме за здрави јадења, салати и друг тип на оброци, кои се корисни за нашето тело. Денес, ќе ви презентираме две салати кои се здрави и корисни, а притоа во нив можат да уживаат и дијабетичарите. Пригответе ги, едноставни се и лесни, а е многу здрави ...

Едноставна салата со црвена зелка

Изрендајте половина  црвена зелка. додадете 500 грама варено цвекло и додадете 8 кисели краставички ситно исецкани. Додадете 2 големи лажици масло за јадење, и 2 големи лажици јаболков оцет. Додадете малку сол, и црн пипер во количини по желба. Добро измешајте и убаво украсете ја салатата, можете да користите и гранчиња од магданос. Вкусот е одличен, салатата е наменета за секого, можат да ја користат и дијабетичари и луѓе кои внимаваат на својата телесна линија.

Гурманска салата за дијабетичари

Сварете 200 грама компири, заедно со 1 морков и половина глава црвено цвекло. Откако овие состојки ќе се приготват, ставете ги во длабок сад, а потоа одозгора насечете две кисели краставички и 50 грама кисела зелка. Во посебен сад ставете 50 мл. масло за јадење, 70 мл. оцет, половина главица нарендан лук, плус малку сол, црн пипер или некој зелен зачин по желба. Откако добро ќе ја измешате смесата, прелијте ја врз пртходно приготвената смеса од компири, цвекло и зелка. Салатата има одличен вкус, здрава е, и полна со витамини и минерали неопходни за здравјето на вашето тело.


 

 

www.doktori.mk, 18.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана