Природни решенија против хроничен замор

Хроничен замор ... Ви звучи или ова познато? Модерното и динамично време е главниот причинител за оваа состојба. Како да се справиме? Да пробаме и за оваа состојба да ја повикаме моќта на природата ...

 

Шеќер и кофеин - Брзо, ефикасно и не препорачливо

Најпознатиот третман е кафето и шеќерот. Ова прави моментално подобрување на вашата состојба, ви помага да останете на нозе и да си ги завршите обврските. Сепак не ви го препорачуваме ова решение, го пореметува метаболизмот и влијае негативно на нервниот систем.

Чаевите како решенија

Имате ли редовни ноќни смени кои морате да ги завршувате? Барате секакво решение да останете будни, концентрирани и продуктивни? Наместо со кафе и слатки, пробајте со чаеви, еве кои се најефикасните:

  • Луцерка, чајот од луцерка ја подобрува физичката кондиција, го намалува ефектот на стресот врз организмот и го подобрува квалитетот на сонот

  • Сибирски жен-шен, ја подобрува физичката кондиција, го подобрува емоционалното здравје и го поттикнува лачењето на хормонот на среќата

  • Кантарион, ја подобрува психичката моќ, влијае врз подобрување на расположението и ја намалува поспаноста

Вишна

Мелатонинот е супстанца која ја има во големи количини во вишната. Овој хормон во организмот го регулира циркадијалниот ритам, и го регулира срцевиот ритам. Доколку патите од хроничен замор, вишната е прв избор за вас. Редовното консумирање ќе допринесе брзо да се ослободите од оваа состојба.

www.doktori.mk, 17.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина