Доктори.мк | Пијалок од лимон и лук - еликсир против маснотии во крв | Pijalok-od-limon-i-luk-eliksir-protiv-masnotii-vo-krv | Портал за медицина и здравје

Пијалок од лимон и лук - еликсир против маснотии во крв

И повторно сме кај маснотиите во крвта, но сето тоа е оправдано ако се потсетиме дека зголемените маснотии во крв, холестерол и триглицериди се еден од најголемите ризик фактори за кардио-васкиларни заболувања. Денешниот рецепт се состои од само две состојки. Две кои се неверојатно моќни и делотворни. Нивната комбинација може да ви помогне да се ослободите од маснотиите во крвта и да си го направите животот по квалитетен. Еве како да ги искомбинирате ...

Потребни состојки:

  • 1 килограм лимон

  • 30 чешниња лук

  • 1 килограм вода

Подготовка:

Исечете го лимонот на парчиња, а исто така и чешнињата лук. Водата ставете ја на оган и оставете ја додека да почне да врие. Веднаш штом ќе започне да врие додадете ги лимонот и лукот, и оставете да повријат со водата до три минути. Земете стерилна газа со пропорции метар на метар превиткајте ја двапати и течноста исцедете ја преку неа. Додека ја цедите течноста потрудете се добро да ја истискате секоја капка во смесата. Консумирајте од сокот три пати дневно во мала чаша така што ќе распоредите добиената количина на оваа течност да ви биде доволна за 10 дена. По еден месец третман проверете ја повторно вашата крвна слика.

 

www.doktori.mk, 16.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана