Доктори.мк | Здрави навики на вашето дете | Zdravi-naviki-na-vaseto-dete | Портал за медицина и здравје

Здрави навики на вашето дете

доктор по стоматологија

Сон на секој родител е детето да го гледа здраво и среќно. Неговото залагање во остварување на ваквиот "сон" започнува уште од самото раѓање на детето, од првите денови. Доењето, секојдневната хигиена на телото и чистата облека се најважни особено во првата година од животот на детето. Навиките кои ќе му ги наложат родителите на своето дете се смета дека истите ќе ги применуваат во текот на целиот живот бидејќи децата ќе научат да го делат важното од неважното.

Во продолжение ви претставуваме неколку важни здрави навики на кои треба да ги научат своите деца сегашните и идните родители. 

  •  Витамините потребни за сите телесни процеси – Намирниците кои ја сочинуваат здравата храна се многу важни за правилниот раст и развој на вашето дете. Со здрава храна се почнува од 5 месец од животот. Витамините кои се внесуваат со исхраната се многу важни за сите телесни процеси.Недоволниот внес на било кој витамин може да предизвика нарушување во растот и развојот на детето. Навиките во исхраната на детето, неговиот одбрамбен систем, здравје и развој зависат исклучиво од родителите и затоа родителот не треба да се откажува од намерата да го научи детето на правилна исхрана.

  • Заштита од инфекции – Втората важна навика на која треба да ги научите вашите деца е хигиената и тоа се мисли на хигиената на телото, забите и особено рацете. Редовното туширање помага од телото да се исчисти нечистотијата која ја има на кожата. Потребно е повеќе пати во текот на денот да се измијат рацете со сапун и вода и тоа задолжително пред јадење со што би се намалил внесот на бактерии преку устата и би се намалиле шансите за зараза. Оралната хигиена е важна алка како за оралното така и за севкупното здравје. Со миење на запчињата се започнува уште со појавата на првото запче. Важноста на здравјето на млечните заби е од големо значење за детето од повеќе аспекти за кои веќе е пишувано.

  • Сoн – Сонот е од големо значење за правилниот раст и развој. Спиењето во текот на ноќта неможе да биде заменето со спиењето дење. На детето му се потребни 8 до 10 часа сон во ноќта. Се смета дека спиењето во темно и во потполна тишина помага во регенерирањето на мозочните клетки.

  • Играта незаменлив дел од детството – Физичката активност односно играта е од особено значење за правилниот раст и развој на детето. Потребно е неколкучасовна физичка активност во текот на денот. Во текот на летниот период се препорачува пливање бидејќи со овој спорт во исто време се активираат сите мускули на телото.

 

 Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 15.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил