Шест најчести причини зошто мажите изневеруваат

Зошто мажите изневеруваат, дали проблемот е кај него или можеби кај вас? Дали некаде вие грешите или пак тој едноставно сака промени? Што и да помислите ќе бидете во право. Зошто еден маж може да изневери? Има многу причини, ние ги издвоивме шесте најчести.

И недостасува авантуристички дух

Повеќето од мажите кога треба искрено да признаат што е мотивот зошто изневериле го одговараат токму ова. Мажите се визуелни и авантуристички настроени суштества, повеќето од нив сакаат промени, експерименти и забава. Доколку сте од оние девојки кои само ја "одработувате" својата улога, тогаш немојте да се зачудите ако за кратко време сфатите дека мажот ве изневерил.

Таа постојано е изморена, и многу ограничена

Ова исто така е одговор на голем број мажи кои ги изневериле своите партнерки. Доколку партнерката многу често го одбива со изговор дека е изморена, а и за време на сексот не дозволува тој да проба нешто ново како што се, орален секс, други по динамични"секс пози" или слично, таа желба ќе остане длабоко во него и ќе дојде момент кога едноставно ќе се разгори.

Откако добивме дете се се промени

Ова е голема грешка која ја прават жените. Откако ќе добијат дете скоро целосно го забораваат партнерот и неговите потреби. Постојано се уморни, често раздразнети и не расположени, што е голема причина тој да побара опуштање на друго место. Знаеме дека сте добра мајка, и дека имате помалку време, но, целосното заборавање на партнерот и на неговите потреби едноставно не е оправдување.

Сфатив дека сум геј

Колку и ова да ви звучи чудно, некои мажи едноставно после одреден период со девојка сфаќаат дека се геј и ја изневеруваат девојката со друг маж. Овде едноставно нема што да се направи, доколку тој и понатаму остане на ставот дека е геј тогаш вас не ви е местото со него.

Таа прва ме изневери

Доколку некогаш сте го изневериле, сте признале и сте се помириле, шансите тој да ве изневери се двојно поголеми од она што биле пред вие да го изневерите. Затоа ако веќе се случило такво нешто седнете и разговарајте доколку ви прости, со замисла да ви врати, тогаш подобро и да не останете заедно.

Бев пијан едноставно се случи

Ова е она што е класика. Скоро секој маж кој изневерил го кажува ова. Мажите во своите гени не се програмирани да имаат само една партнерка, па откако ќе се напијат често од нив останува само инстинктивното. 

 

 

 

www.doktori.mk, 15.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил