Целер и лимон против холестерол - едноставен и практичен рецепт

Покаченото ниво на "лошиот" LDL холестерол е честа појава насекаде во светот. Ова е и еден од ризик факторите за развој на кардио васкуларни болести кои се причина број еден за смртност во светот. Затоа се одлучивме денес да објавиме еден повеќе од едноставен рецепт кој ако редовно го применувате ќе даде резултати.

Потребни состојки:

  • 3 лимони

  • 500 грама свежи листови од целер

  • 1 литар вода

Подготовка:

Најпрво ставете ја водата на оган. Откако ќе почне водата да врие тргнете ја од оган и оставете ја малку да се поолади. Лимоните добро измијте ги и насечете ги на парчиња. Истото направете го и со листовите од целер. Потоа лимонот и целерот заедно ставете ги во блендер да се иситнат. Откако ситнењето ќе заврши прелијте ја смесата со вода и оставете ја да стои една ноќ. Наутро веднаш процедете ја смесата и ставете ја течноста во шише. Пијте секое утро и секоја вечер по една чаша пред јадење. 

Рецептот нема нус појави, а има голема делотворност. Со примена на овој рецепт и внимателност со исхраната, за 3 месеци холестеролот и триглицеридите можете да ги доведете во нормални вредности.

www.doktori.mk, 13.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана