Доктори.мк | Mашки навики кои не треба да ги толерирате | maski-naviki-koi-ne-treba-da-gi-tolerirate | Портал за медицина и здравје

Mашки навики кои не треба да ги толерирате

Мажите и жените имаат различни навики на кои мораме да се навикнеме, а некои од нив мора да ги толерираме без разлика на тоа колку ни сметаат. Сепак има некои навики кои ги практикуваат и мажите и жените, а кои се погрешни и не треба да се толерираат. Денес ќе пишуваме малку за навиките на мажот кои девојката не треба да ги толерира.

Го чува мобилниот како нешто строго доверливо

Не дозволиво е вашиот дечко да го крие вашиот мобилен од вас секогаш. Ако го држи заклучен или пак го носи со себе и во купатило и каде и да оди, тоа е знак дека тој нешто крие. Иако тој вели дека тоа е приватност и дека не треба да чепкате сепак тоа не е оправдување. Човек кој ви е верен нема што да крие од вас, без разлика што не сте љубоморна девојка немојте да дозволувате тој постојано да го прави тоа. Обратете му се директно и прашајте го што е проблемот зошто постојано го крие мобилниот и без оглед на се, предупредете го дека такво нешто не можете да толерирате.

Долго сте во врска, а тој не сака да ве запознае со никого од фамилијата

Во врска сте веќе една година, а тој никако не сака да ве запознае со некој од неговите? Ова не е нормално, можеби не треба да одите на ручек со неговите, но барем со братот или сестрата треба да се запознаете. Немојте да толерирате таков однос, ако ве одалечува од неговите тоа значи дека не мисли ништо сериозно со вас, бидејќи природно е мажите кои се заљубени во својата девојка да ја доближуваат што поблиску до неговата фамилија.

Чести средби со бившата, која му е другарка

Убаво е и нормално тој да остане во добри односи со бившата, но таа да му биде најдобра пријателка? Тоа не е можно, ако често се слуша сака да излегува со неа на кафе или слично тоа обично значи дека не ја преболел и дека можно е да има нешто сеуште меѓу нив, колку и да тврди дека се само пријатели. Немојте да збеснувате и да хистеризирате, само планирајте се и себеси во неговите средби и разговарајте отворено.

Мајката се меша

Тој треба да ја почитува својата мајка тоа е нормално и многу убаво. Секако дека нејзе треба да ја почитувате и вие. Сепак не треба да дозволувате таа да ви се меша во вашето "внатрешно уредувањ на врската". Доколку таа многу често се меша, а тој и дозволува, тоа не треба да го толерирате, туку за тоа треба сериозно да поразговарате, бидејќи во вашата врска единствен женски глас кој треба да се слуша е вашиот.

Неговиот избор секогаш е конечен

Дечкото кој многу ве сака иако ќе се противи тој сепак ќе остави вие да го изберете местото на средба, филмот за гледање, ресторанот за кафе и слично. Доколку секогаш е по волјата на вашиот дечко, тоа е нешто што не треба да го толерирате и за тоа исто така мора да седнете и да поразговарате, бидејќи тоа не е знак дека тој е доволно заљубен во вас. 


 

www.doktori.mk, 14.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил