Породување со царски рез

извор: www.ringeraja.mk

 

Иако докторите му даваат предност на породувањето по природен пат, бројот на царските резови во нашата земја од година во година се зголемува се повеќе и повеќе.

Царскиот рез е операција која носи многу ризици, но кај поголем број на трудници предрасудите од страв и болка доведуваат до мечтаење за породување со царски рез. Без оглед на предупредувањето од лекарите и понатаму владее мислењето дека таквиот начин на породување е пoкомфорен, подобар и безболен за родилката. Сите гинeколози се сложуваат дека царскиот рез е нужно зло и дека е далеку од безболен.

Можни ризици

Породувањето со царски рез секако дека не е поудобно и полесно. После него, жената неколку дена трпи бoлки, бидејќи е сечена материцата, поместена бешиката и боли сошиеното од операцијата.

Потребно е да биде под будно око на медицинско лице. Три дена прима инфузија, не може да јаде заради опасности од парализа на цревата. Кај жените оперирани со царски рез поголем е ризикот од емболија, а многу чести се зголемената температурa и инфекциите. Многу поголем проблем е ако загнои раната од царскиот рез отколку раната од епизиотомија, резот на границата, со кој се олеснува природното породување.

Eден царски рез ја зголемува можноста секое следно бебе да биде родено на овој начин.

Само во итни случаи

Без оглед на предупредувањето од лекарите процентот на извршени царски резови расте и далеку е поголем од 15%, колку што препорачува Светската здравствена организација. Кај нас секоја четврта, а во Америка дури и секоја трета жена се породува со царски рез.

За царски рез лекарите се одлучуваат во текот на самото породување ако природното породување не напредува ако бебето нема добра ротација, или ако паѓаат “тоновите” (отчукувањата на срцето). Исто така, со царски рез се завршува породувањето ако бебето страда, а за тоа знак е зелената плодова вода. Итен царски рез се прави ако е загрозено здравјето на мајката ако предвремено се оддели постелката или ако дојде до еклампсија, компликации поврзани со крвниот притисок. Докторите се согласуваат дека стравот од природното породување и болката се по малку преценети, бидејќи денес постојат начини породувањето да се направи безболно - со правилно дишење, масажа, породување во када и многу популарната епидурална анестезија.

Поголема смртност

Царскиот рез не боли, но кога родилката ќе се разбуди болката која е чувствува е иста како кога ќе се извади материца. Смртноста на жените е десет пати поголема во споредба со раѓањето по природен пат. Најчести компликации се крварење, висока температура, инфекција на материцата, уринарниот тракт како и парализа на цревата од анестезијата. Постои ризик и од тромбоемболија.

ЗА

  • Кај трудници кои носат близнаци;
  • Кога постои несразмерност помеѓу големината на плодот и ширината на карлицата;
  • Кога бебето почнува да излегува карлично;
  • При неправилен срцев ритам;
  • При недостаток на кислород кај бебето;
  • При одвојување на постелката и плацентата;
  • Кај родилки кои имаат патолошки страв од болка.

ПРОТИВ

  • Чести респираторни проблеми кај бебето;
  • Бебето заради анестезијатата поспоро се адаптира;
  • Се зголемува ризикот за настанување на тромбоза и инфекција на внатрешните и надворешните резови;
  • Проблеми со лактацијата;
  • Отежнато доење и воспоставување на првиот контакт со бебето;
  • Опоравувањето трае подолго;
  • Отежнaто ослободување на масните наслаги во подрачјето под резот;
  • Не е добар избор ако сакате повеќе од две деца.

 

 

 

www.doktori.mk, 10.11.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина