Доктори.мк | Знаци кои потврдуваат дека ја преболел бившата | Znaci-koi-potvrduvaat-deka-ja-prebolel-bivskata | Портал за медицина и здравје

Знаци кои потврдуваат дека ја преболел бившата

Дали вашиот дечко дефинитивно ја преболел бившата, или таа уште е дел од неговиот живот? Прочитајте ги карактеристичните знаци кои укажуваат дека ја преболел бившата. Секако овие знаци не се правило, но се добар показател дека бившата повеќе не е во центарот на вниманието на вашиот дечко.

Таа не е во неговата листа на пријатели ниту во неговиот именик

Честото отворање на профилот на неговата бивша е забавна работа за мажите. Иако тој ќе ве убедува дека веќе нема ништо со неа сепак оваа навика е загрижувачка бидејќи укажува дека тој сеуште има заинтересираност кон неа. Доколку ја нема во неговата листа на пријатели и подолго време воопшто не ја споменува, тоа е добар показател дека веќе не е дел од неговите мисли. Исто така доколку нејзиниот број сеуште фигурира во неговиот именик е знак дека тој сеуште нема расчистено со минатото. Мажите кои сакаат целосно да заборават мината љубов се ослободуваат од сите контакти.

Неговите најдобри другари нормално ја споменуваат

Ако неговите најдобри другари нормално си ја споменуваат тоа значи дека тој најверојатно нема веќе никакви чувства кон неа. Во спротивно, другарите нема да имаат храброст да ја споменуваат пред него и пред вас кога сте заедно, доколку тој сеуште има некакви чувства кон неа, бидејќи секако тие како другари ќе го знаат тоа.

Нема никакви рефлексни реакции кога ќе ја сретне на улица

Средбата со бившата на улица знае да биде многу непријатна ситуација. Затоа добро погледнете ја неговата реакција наредниот пат кога таа ќе помине веднаш до вас. Доколку се однесува опуштено и си разговара со вас нормално, тоа значи дека тој најверојатно веќе нема никакви планови со неа. Доколку, пак тој се деконцентрира, ја врти главата обратно или пробува веднаш да ја избегне средбата, тогаш има големи шанси тој сеуште да нема расчистено со своето минато.

 

www.doktori.mk, 09.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил