Доктори.мк | Лековитото дејство на листовите од орев | Lekovitoto-dejstvo-na-listovite-od-orev | Портал за медицина и здравје

Лековитото дејство на листовите од орев

Оревот е бесценет дар на природата. Оревите како плодови веќе ги опишавме, но тоа не е се што е корисно од ова растение. Листовите од орев се исто така многу корисни и многу повеќе лековити од тоа што во моментот мислите. Прочитајте на кратко како да приготвите чај од ореови листови и зошто се лековити.

Оревовите листови се достапни свежи долг период од годината, но најдобро е да се наберат во месец јуни бидејќи тогаш имаат најдобар ефект. Од овие листови може да се прават облози, но може да се направи и чај за внатрешна употреба. Според познавачите на народната медицина чајот од ореови листови е можен антивоспалителен лек. Делува против тврдокорните габични и бактериски инфекции, делотворен е за лекување на воспалителни процеси на кожата, но и воспалителни процеси на дигестивниот тракт како и акни.

Од ореовите листови можете да направите чај, чајот има моќ да ги смири цревните инфекции и делува смирувачки на акните кои се голем проблем особено кај младите. Од чајот се прават и облоги, но секако во такви случаи чајот треба да биде целосно изладен.

Подготовка:

Две големи лажици ситнети суви ореови листови ставете ги во сад на оган. Додадете 250 мл вода и оставете на оган да врие 4-5 минути. Потоа смесата тргнете ја од оган и процедете ја. Чајот максимум можете да го употребувате 2 до 3 пати на ден.

ВНИМАНИЕ! Некои луѓе можат да развијат чувствителност на овој чај, при што ќе се појават симптоми како гадење, повраќање или болки во стомакот. Доколку по првото пиење забележите вакви симптоми, престанете со употреба на овој чај.

www.doktori.mk, 02.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - фармација