Доктори.мк | Стар тибетски чај за долговечност - едноставен, лесен и многу корисен | Star-tibetski-caj-za-dolgovecnost-ednostaven,-lesen-i-mnogu-korisen | Портал за медицина и здравје

Стар тибетски чај за долговечност - едноставен, лесен и многу корисен

Тибетската медицина е многу распространета низ светот, баш поради фактот дека во оваа област луѓето доживуваат најдлабока старост. Луѓето се интересирале за тибетските обичаи и нормално за традиционалните тибетски рецепти, па познавачите на алтернативната медицина нудат повеќе производи кои се здрави, а за кои се верува дека го продолжуваат животот. Еве и еден чај, кој редовно се употребува во тибетската медицина, а е многу делотворен за организмот.

Потребни состојки:

  • 2 литри вода

  • 5 грама нарендан ѓумбир

  • 2 големи лажици сок од свеж лимон

  • 2 големи лажици природен мед

  • 1 прстофат мелен лут пипер

  • 1 прстофат анасон

Подготовка:

Ставете ја водата на оган. Оставете ја да врие 5 минути, по истекот на ова време тргнете ја водата од оган и оставете малку да се олади. Сите горе наведени состојки сега една по една додадете ги во водата. Оставете ја смесата да отстои покриена се додека потполно не се олади, а потоа течноста која е добиена од оваа смеса е спремна за консумирање. Многу е важно состојките да не ги додадете во врелата вода. Водата треба да се олади до степен што ќе биде само млака и тогаш да се додадат состојките, за да не се изгубат лековитите материи.

Дозирање

Овој чај е најдобро да се консумира во текот на целиот ден и тоа голтка по голтка на одредени растојанија. Може исто така да се консумира и по една мала чаша половина час пред секое јадење. Според рецептот, 2 литри течност треба да се подели на троица, и тоа е оптималната дневна доза.

www.doktori.mk, 07.11.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана