Придобивки од доењето

студент по медицина

Доењето за 6 месеци и доење со додаток на цврста храна најмалку 12 месеци до 2 години е идеален модел за хранење на доенчиња. Еве 10 причини кои ги покажуваат здравствените, психолошки, економски и еколошки бенефиции на доењето.


 

1. Мајчиното млеко е повеќе сварливо од инфант формулата

Кравјото млеко содржи околу двојно повеќе протеини отколку мајчиното млеко. Столицата на бебиња кои се хранат со инфант формула е пообемна, бидејќи бебињата не можат да апсорбираат толку многу протеини, додека мајчиното млеко се апсорбира речиси 100%.

2. Доењето го намалува ризикот од рак на дојка, кај мајките

Многу студии покажаа дека жените кои дојат имаат помал ризик од развој на рак на дојка.

3. Бебињата кои цицаат помагаат матката на мајката да се намали по породувањето

Матката на мајка која не дои, никогаш не ќе се намали и врати во големината која ја имала пред бременоста. Таа секогаш ќе остане малку зголемена. Иста така доењето помага да се намали телесната тежината после породувањето.

4.Инфант формула - пониска интелигенција кај доенчињата

Мајчиното млеко го подобрува развојот на мозокот и го подобрува когнитивниот развој на начини кои формула млекото не може.



5. Мајчиното млеко е секогаш подготвено

Новороденчињата треба да се хранат ``на побарувачка `` како што сака детето и дење и ноќе.

6. Мајчиното млеко содржи антитела против болести и помага во развојот на имунолошкиот систем на новороденото

Формула млекото не ги дава овие бенефиции. Мајчиното млеко ги содржи сите потребни хранливи материи, и содржи антитела кои ѓи заштитуваат новороденчињата од детските болести.



7. Доењето ги задоволува и емоционалните потреби на бебето и се зголемува поврзаноста меѓу мајката и бебето

Во вториот месец доенчето веќе одговара со насмевка и го запира движењето кога ќе го чуе мајчиниот глас. Доењето придонесува да се зголеми блискоста меѓу мајката и доенчето.

8. Доењето го намалува ризикот кај мајките од развој на рак на јајник

Врз основа на истражувањета, доењето вкупно од 12 до 24 месеци може да го намали ризикот од рак на јајник за околу една третина.

9. Светската здравствена организација и УНИЦЕФ препорачуваат

Доењето е идеална храна за здрав раст и развој на доенчињата, исто така, е составен дел на репродуктивниот процес со важни импликации за здравјето на мајките. Глобално јавна здравствена препорака е: доенчињата треба да се исклучиво доени првите шест месеци од животот за да се постигне оптимален раст и развој и здравје.

10. Инфант формулата го зголемува ризикот за заблување на децата од дијабетес

Постојат многу студии кои го поврзуваат развојот на инсулин зависен дијабетес тип I ( познат како "јувенилен дијабет") со вештачката исхрана.

www.doktori.mk, 18.03.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина