Рицинусово масло - древен продукт со многу благодети

Рицинусовото масло се добива од семките на растението ricinus communis. Ова растение потекнува од Индија и било одлично познато и употребувано во индиската медицина, од древните Египјани, Грци, а исто така е и одлично застапена во кинеската медицина. Оваа билка по потекло е тропска, но се одгледува и во медитерански услови и е многу распространета.

Ќе ве изненади фактот дека рицинусовото растение е едно од најотровните растенија на нашата планета. Содржи отров кој е наречен рицин, многу е моќен, делува токсично дури и ако се вдише. Па тогаш што е овде лековито? Лековити се плодовите на ова растение кои се собираат и се преработуваат така што се отстранува отровот, а препаратот кој ќе се добие т.е. рицинусовото масло е сосема безбедно како за надворешна така и за внатрешна употреба. Кога зборуваме за безбедно за внатрешна употреба секако сметаме на почитување на препорачаните дози.

Рицинусовото масло за надворешна употреба, односно како облози, е одлична за бактериски и габични инфекции на кожата. Ова е факт бидејќи е потврден со научно истражување во 1997 година и објавен во медицинското списание  Journal of Medicine Naturopathic. Облозите од рицинусово масло имаат моќ за смирување на кожата, неутрализирање на токсините, уништување на паразитите, а се смета дека има и продорен ефект, влегува преку кожата и влијае на подобрување на имунитетот, намалување на мигренозни болки и ПМС симптоми.

Ако зборуваме за рицинусово масло како препарат за орална употреба тогаш ќе мораме да го потврдиме познатото мислење дека рицинусовото масло е лаксатив. Да, лаксатив и тоа одличен. По една кафена лажица дневно е дозата која треба да ја употребувате, но, притоа внимавајте, не подолго од 7 дена. Рицинусовото масло е одлично и зема значајна примена во многу козметички рецепти, ја подмладува, хидратира и одржува здрава вашата кожа. 

Напомена: Рицинусово масло не смеат да земаат трудници, доилки, деца во раст, луѓе со бубрежни проблеми, желудочни проблеми и цревни инфекции.

 

www.doktori.mk, 05.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана