Шумска јагода - мало, вкусно и моќно

Дивата јагода или шумската јагода е мало овошје, кое е многу вкусно и многу корисно. Оваа јагода е само една од 400 познати видови, но е дефинитивно една од најомилените. Мала, вкусна и неодолива е можеби најпрецизното опишување за овој плод, но народната медицина вели дека овој плод е и неверојатно здрав. Па, сега кој спомена дека се што е здраво не е вкусно?

Овие јагоди можат да се најдат во планините во периодот од мај до септември. Овој плод е богат со многу витамини, само една рака полна со овој плод е доволна да обезбеди витамин Ц, за целиот ден. Освен витамин Ц, овој плод содржи и витамин Б, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, танин, флавоноиди, витамин Е и др. Големото присуство на манган во овој плод прави тој да биде исклучително здрав за мозокот, нервниот систем, крвта, коските и целиот метаболизам. Познавачите велат дека овој плод треба да се мие, како и секој друг, но не под силен млаз вода, бидејќи така ги губи хранливите материи.

Шумската јагода е одличен лек против опситпација (запек), и одличен третман против синдромот на мрзливи црева. Освен тоа тие се одлични против пролетниот замор, го детоксицираат телото, а можат да ги употребуваат и дијабетичари. Од шумската јагода се прави и чај, кој ги прочистува бубрезите, црниот дроб и крвта.

Шумската јагода е благодет за организмот, одлична е и за срцето и крвните садови, делува одлично врз регулација на крвниот притисок. Содржи многу малку калории, па е одличен диететски плод. Има малку калории, а дава и голем придонес во борбата против целулитот. Мало, но моќно, мораме да признаеме дека би било одлично што почесто да биде дел од нашата исхрана.

www.doktori.mk, 04.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана