Kозјо млеко - една од најздравите млечни намирници

Кога ќе кажеме дека козјото млеко е природен лек, ова навистина треба да се сфати буквално бидејќи козјото млеко е едно од најздравите млечни намирници. Според научниците козјото млеко е најблиску до мајчиното млеко и треба да се употребува бидејќи е навистина здраво и лековито.

Козјото млеко е богато со многу протеини, и многу есенцијални амино киселини. Познато е дека козјото млеко уште пред многу години било употребувано како лек. Козјото млеко е полесно за дигестија од кравјото, а освен тоа содржи и помалку лактоза, па поради ова лицата кои се чувствителни на лактоза можат многу по лесно да го поднесат. Козјото млеко содржи многу витамини, минерали, а малку калории, па не треба да се грижите дека со неколку чаши козјо млеко дневно ќе внесете многу калории.

Козјото млеко е одлично и за новороденчиња по престанокот на доењето, и за мали деца исто така, за разлика од другите видови млеко, козјото млеко има помала склоност кон создавање на алергии. Козјото млеко е навистина благодет за организмот, бидејќи го јакне и чува имунитетот, а исто така ги штити и зацврстува белите дробови на малите деца. Изобилството на витамини од групата Б, козјото млеко исто така го прават заштитник на нервниот систем.

Според познавачите на народната медицина, козјото млеко е делотворно и при проблематичен желудник и хронични проблеми со црниот дроб.  Козјото млеко е навистина многу по делотворно и по корисно за здравјето од било кое друго млеко, особено за децата, затоа можеби е време да започнете да размислувате редовно да го внесувате во вашата исхрана, барем во доручекот.

www.doktori.mk, 03.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана