Доктори.мк | Златно млеко - тајна на древната индиска медицина | Zlatno-mleko-tajna-na-drevnata-indiska-medicina | Портал за медицина и здравје

Златно млеко - тајна на древната индиска медицина

Златното млеко претставува пијалак на древната индиска медицина. Се верува дека со векови бил чуван во тајност. Според индиската медицина златното млеко и воопшто златната боја се симбол на здравје и лековитост. Секако, ова млеко има и потврдено многу здравствени придобивки врз телото, врз имунитетот, здравјето на зглобовите, коските, рбетниот столб и скоро врз сите витални органи. Ние денеска ви го пренесуваме рецептот во оригиналност ...

Потребни состојки:

  • 1/4 чаша вода

  • 1/8  лажица куркума

  • 1 шоља козјо млеко

  • 2 лажици бадемово масло

  • 1 лажица мед

Подготовка

Водата и куркумата ставете ги да се варат од 6 до 8 минути. Потоа додадете го млекото, и бадемовото масло. Оставете на оган додека да започне да врие, откако ќе започне да врие веднаш тргнете го. Кога малку ќе се поолади додадете го медот, и пијте додека е топло.

Овој пијалак индиската медицина го препорачува за лекување на проблеми со  коските, зглобовите, имунитетот, артритис и многу други заболувања. Нема нус појави  па така можете да го користите кога ќе посакате. Добро е наутро, бидејќи дава енергија за целиот ден.

www.doktori.mk, 02.11.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил