Доктори.мк | Ехолалија - патолошка појава или не? | Eholalija-patoloska-pojava-ili-ne | Портал за медицина и здравје

Ехолалија - патолошка појава или не?

дипломиран логопед
Претседател на Здружение на логопеди

Ехолалијата се дефинира како автоматско повторување на зборови или фрази по друга личност. Како појава е најчесто присутна кај децата. За нормална се смета во периодот на раниот детски развој околу 2 година. Во овој период од животот дечињата го изучуваат говорот со помош на повторување затоа што тоа е најлесен начин да развиваат спонтана комуникација и да се збогатат нивните говорни искази. Кај голем дел од децата ехолалијата исчезнува спонтано после 2 година од животот.

Кога ехолалијата се смета за патолошка појава?

Доколку ехолаличните искази се присутни и после втората година, односно детето се почесто ги користи и нивниот број се зголемува треба да се посомневаме дека тоа е веќе знак за патолошки облик.

Карактеристики на ехолалија

  • детето користи се поголем број на ехолалични (повторувачки) искази

  • заостанува во развојот на говорот во однос на неговите врсници

  • најчесто повторувачките искази немаат никаква смисла и значење

Како патолошки облик најчето се среќава кај децата до аутизам,шизофренија,Tourretov синдром како и во склоп на други психопатолошки облици.

Типови на ехолалија

  • Непосредна ехолалија-дечињата со овој тип на ехолалија ги повторуваат зборовите или фразите веднаш откако некоја личност ќе ги изговори

  • Одложена ехолалија-кај овој тип децата ги повторуваат зборовите или фразите, но по некое време, што значи доколку би се вопоставило комуникација би се заклучило дека повторувачките искази кои се изговорени подоцна не би се вклопиле во моменталната конверзација и таа би немала никаква смисла.

Во однос на терапијата за да се надмине овој проблем потребно е родителите да побараат стручна помош од страна на патолог за говор-логопед.

 

Повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 31.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина