Природни решенија против проширени вени

Лекувањето на проширени вени е многу макотрпно и напорно, нешто за што е потребно редовно лекување, бидејќи компликациите можат да бидат многу сериозни. Алтернативната медицина нуди многу решенија за третман на ваквите состојби, па затоа ние денес ви презентираме две едноставни решенија.

Зелка

Листовите од свежа зелка се најефикасниот природен третман против проширени и воспалени вени. Најдобро е облогот од свежи листови зелка да се практикува во ноќните часови. Најдобро е да земете неколку листови свежа зелка да го обвиете местото и да го прицврстите најдобро со тенка и еластична чорапа. По повеќе вечери практикување ќе почувствувате олеснување на симптомите и повлекување на воспалението.

Мелем од див костен

Дивиот костен е особено ефикасен против воспалени и проширени вени. Денес ќе ви презентираме како нај едноставно да го подготвите. Наберете десетина поголеми костени. Потоа смелете ги и ставете ги во тегла. После ова, пречијте ги со 200 мл. комова ракија, и оставете смесата да стои 7 недели на сонце. После овој период смесата се процедува се става во мало шише и со него секојдневно се прави масажа на вените.

 

www.doktori.mk, 30.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана