Природни начини за третирање на брадавици

Само оние кои имаат проблеми со брадавиците знаат колку досадна и макотрпна работа е справувањето со нив. Ние денес имаме за цел да ви помогнеме со неколку природни совети како да ги третирате брадавиците.

Белка од јајце

Според познавачите на народната медицина, белката од јајцето е добар лек. Белката од едно јајце може да ја користите подолго време само да ја прекривате со најлонска кеса за да не се исуши. Начинот на третирање е лесен. Барем двапати дневно премачкувајте ги брадавиците со белка од јајце и оставете да се исуши. Правете го тоа постојано, се додека брадавиците не паднат. Според искуствата ова е лек кој е многу лесен и ефикасен.

Морска вода

Морската вода е моќен лек против брадавици. Не само морската сол, туку и јодот и се она што е во составот на водата е во функција на третман против брадавици и други промени на кожата. Десетина дена престој на море е доволен да забележите подобрувања.

Сок од глуварче

Направете сок од листовите и цветовите на глуварчето заедно и премачкувајте ги брадавиците на ист начина како што тоа го опишавме кај белката од јајцето. Се смета дека после овој третман брадавиците отпаѓаат без никаков белег.

Рицинусово масло против брадавици

Начинот е едноставен. Мачкајте рицинусово масло на брадавиците, наутро и навечер, секој ден се додека истите не паднат.

Прополис

Ставете прополис на брадавицата и ставете одозгора фластер за да не влегува воздух. Оставете така 2 до 3 дена потоа, тргнете го фластерот исчистете го местото, потоа премачкајте повторно. Повторувајте го циклусот се додека не дојде до излекување. Прополисот може да делува на коренот и да ја уништи брадавицата.

 

 

www.doktori.mk, 29.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина