Четири билки за вечна младост

Младоликоста е сон за многу луѓе. Сите се трудиме да изгледаме младолико, колку што можеме повеќе во животот. Не постои магичен еликсир на младоста што ќе ве направи млади, но постојат некои билки кои имаат моќ да го забават процесот на стареење и да ви помогнат да изгледате младолико подолг период.

Боровница

Боровинките се плодови на младоста и чувари на видот. За ова е заслужен глукагонот, флавоноидите, витаминот А, Ц и многу други елементи кои се навистина корисни за организмот. Со редовното консумирање на боровница ќе ги намалите подочниците, ќе го зачувате видот, а ќе го намалите и создавањето на брчки.

Жен-шен

Оваа билка ја подобрува меморијата, го подига имунитетот, ја штити кожата. Оваа билка е вистински еликсир за виталност, здравје и енергија. Оваа билка има моќ да ве направи енергични, витални и секако да го заспори процесот на стареење, а ова значи младоликост подолг период.

Ѓумбир

Одличен антисептик и вистински извор на антиоксиданси. Го подига имунитетот ја подобрува функцијата на црниот дроб, а со тоа и го заспорува процесот на стареење, ве одржува и чува младолики подолг период, затоа е потребно редовно да се консумира.

Лук

Лукот е еден од најмоќните намирници на нашите простори, има моќ да влијае на сите витални функции во организмот. Одличен чувар на имунитетот, има антибактериско дејство и е полн со антиоксиданси. Лукот можеби има непријатна миризба, но има одлична моќ за чување на вашата младост, многу по долго.

www.doktori.mk, 28.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана