Незаменливи предности на мајчинството

извор: www.ringeraja.mk

 

Додека се обидувате да го преживеете денот по бессоната ноќ, веројатно е тешко да се сетите колку сте прекрасна! Но, кога подобро ќе размислите мајчинството Ве направи подобра личност. Еве како дополнително да ја зајакнете мајчинската самодоверба...

Мајчинството не тестира на сите можни начини. Тоа што имаме деца сигурно не исфрла од зоната на удобност, бидејќи мораме да дадеме се` од себе за да можеме да се носиме со добрите и лошите страни на родителството.

Од друга страна, фактот што секогаш наоѓаме некакво решение за предизвиците, прави да сфатиме за што сме способни, а секоја совладана препрека јa јакне нашата самодоверба.

Мајките често кажуваат дека мајчинството ги направило подобри личности.

Мајчинството не прави пољубезни

Откако станавте мајка, свесни сте колку се луѓето ранливи. Стручњаците кажуваат дека постои телесна причина за тоа омекнување на карактерот, кое многу жени го искусуваат по породувањето. Бременоста е период на сложени емоционални промени.

Порастот на нивото на хормоните окситоцин и естроген може трајно да ги промени деловите од мозокот, задолжени за обработка на емоциите. Силните хемиски промени кои настануваат за време на галење и бакнување на бебето, можат да и донесат долготрајни благодети на мајката.

Обидете се – Барем еднаш во денот да направите нешто убаво за другите. Истражувањата покажаа дека луѓето кои меѓусебно си помагаат се посреќни. Кога сте љубезни кон другите, всушност сте љубезни кон самите себе.

Мајчинството не прави поздрави

Резултатите на неодамнешните истражувања покажаа дека жените кои родиле имаат помал ризик од некои видови на карцином: со секое породување ризикот од појава на карцином на дојка паѓа за 7%. По првото породување ризикот од појава на карцином на јајниците се намалува до 40% и 55% по второто породување. Ризикот од добивање карцином на материца по првото породување се намалува за 30%.

Освен тоа, заради бременоста и мајчинството, многу жени повеќе се грижат за своето здравје. Имено, кога ќе станете мајка, ќе сфатите дека едно мало суштество потполно зависи од Вас. Тоа на некој начин не присилува да процениме како живееме и да внимаваме на себе.

Обидете се – Ако сте вработена, не значи дека Вашето здравје е на втор план. Ако сакате да го промените начинот на исхрана и да вежбате, најдете пријателка која го сака истото, за да Ви биде позабавно.

Мајчинството не прави позабавни

Грижата за новороденчето е многу важна работа и тука нема дилеми. Но, невозможно е да бидете сериозни кога сте опкружени со деца.

Обидете се – Има денови кога е тешко да се види смешната страна на работите. Обидете се да најдете зрнце хумор во секојдневните ситуации. На тој начин ќе поттикнете лачење на хормонот на среќа – серотонин, кој ќе Ви помогне да се чуввствувате поопуштени.

Обидете се да се отворите и да ги споделите своите блесави моменти со другите мајки. Набрзо ќе сфатите дека сите мајки имаат свои “бисери”.

Мајчинството не прави потрпеливи

Пред породувањето можеби сте се навикнале да добивате што сакате и кога сакате. Но, штом стигнало новороденчето, почнувате да сфаќате дека не живеете по свој распоред.

Обидете се - Лесно е да ги изгубите нервите ако сте во паника дека немате доволно време за себе. Затоа настојувајте да бидете великодушни кон себе кога го планирате денот. Така ќе се ослободите од стресот.

Мајчинството не прави подобар вработен

Работодавците и не знаат колку се среќнии што во нивниот тим седат мајки. Имено, повеќето мајки се концентрирани на ефикасно менаџирање на обврските. Затоа се одлични проект менаџери, бидејќи се навикнале на се што им се случува секојдневно. Мајките на работното место поттикнуваат продуктивност, бидејќи сакаат брзо и квалитетно да ја завршат работата и навреме да се вратат дома.

Обидете се – Направете план или попис на цели за првиот месец по враќањето на работа од породилното боледување. Така најдобро ќе процените како Ви оди. Ако нешто од списокот е неизводливо во пракса, тогаш кажете. Само со искрен однос кон својата продуктивност ќе делувате самоуверено и ќе имате контрола.

Мајчинството не прави посакувани

Сексуалната привлечност можеби не е на врвот на листата на Вашите приоритети, посебно кога поголемиот дел од денот миете повраќаници од косата. Но, мајките имаат потенцијал да бидат посакувани и да имаат подобри врски од порано.

Сексуалната самодоверба расте бидејќи мајката менува идентитет од жена која некогаш била одговорна само за себе, во жена која сега е одговорна за нов живот. Безрезервната љубов кон детето е исклучително моќна работа која може да ја направи жената позадоволна од порано.

Обидете се – Да се движите. Дури и кратка прошетка со количка може да поттикне лачење на ендорфин и да Ве потсети што може Вашето тело.

 

 

 

www.doktori.mk, 28.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил