Природни начини за лекување на низок крвен притисок

До сега многу пати сме зборувале за високиот крвен притисок, како да го лекувате и зошто тој е штетен за вашето здравје. Денес, сакаме да обрнеме внимание на нискиот крвен притисок или хипотензија, тој навидум е помалку опасен од високиот, но сепак не е баш така. Крвниот притисок треба да биде нормален за да овозможи добар дотур на крв во сите витални органи, а особено до мозокот. Прочитајте неколку природни начини како да го лекувате нискиот крвен притисок.

Рузмарин

Во алтернативната медицина чајот од рузмарин е еден од најпознатите и најделотворните чаеви кои влијаат врз нискиот крвен притисок.

Сок од цвекло

Доколку патите од хипотензија сокот од цвекло е одлично решение за вас. Само по една чаша дневно е доволно, за една недела ќе почувствувате значително намалување на симптомите.

Редовна рехидрација

Редовно консумирајте вода. Водата го полни васкуларното корито и го подига крвниот притисок. Сепак немојте да претерувате бидејќи хиперхидратацијата исто така е штетна за вашето здравје.

Глог

Оваа билка е одлична за регулација на крвниот притисок, не само за хипотензија, оваа билка е одлична и за хипертензија. Затоа што почесто консумирајте чај од глог, сигурно нема да погрешите.

 

www.doktori.mk, 26.10.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана