Ако не ги миете забите редовно, имате голем ризик од еректилна дисфункција

Последното истражување направено во Турција покажало директна врска помеѓу оралната хигиена и еректилната функција.

Турските научници тврдат дека лошата орална хигиена може да биде силен причинител за проблеми со ерекцијата. Тие направиле истражување при што земале 80  испитаници кои имале проблем со ерекцијата и 82 испитаника кои немале никакви проблеми со ерекцијата и двете групи биле на возраст од 30 до 40 години. При анализа на двете испитанички групи се покажало дека повеќе од половина од групата која имала проблеми со ерекцијата не ги миеле забите или имале некој вид на воспаление во усната шуплина. Од контролната група пак, скоро сите испитаника воделе нормална хигиена во усната шуплина и немале видливи воспалителни процеси.

Според научниците не редовната орална хигиена, расипаните заби и воспалените гингиви, влијаат многу на квалитетот на животот и на мажот и на неговата партнерка. Освен што овие мажи често имаат проблеми со ерекцијата, тие често имаат и проблеми со срцето и крвните садови. Ова јасно уште еднаш ја потврдува потребата за одржување на високо ниво на орална хигиена како кај мажите така и кај жените.

www.doktori.mk, 25.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил