Женски навики од кои мажите се згрозуваат во креветот

Заедно сте, се сакате, сметате дека вашата врска е одлична, а исто така и вашиот сексуален живот. Сепак проверете дали и вие правите некои од следниве работи кои можат да придонесат тој да се чувствува непријатно и да се "олади" од страста кон вас.

Се однесувате како да му правите услуга

Сексот е игра во која двајцата треба да уживаат. Доколку често му давате на знаење дека тоа го правите само поради него, постојат огромни ризици тој да се разочара од вас. Знаеме дека сте изморени, ве боли главата или едноставно не ви е до секс, но впуштање во секс со јасен знак од типот "ајде само направи го тоа побрзо" e полошо од одбивање. Подобро објаснете му дека и вие сакате да уживате, но дека вечерва навистина не ви е до тоа, при што утре дента ќе му надокнадите. Ова е многу подобро отколку да изигрувате "жртва" сериозно рушејќи го неговото его.

Опседнатост со недостатоците

Најлошото нешто што еден маж сака да му се случи во креветот е да биде со жена која постојано ќе му повторува дека се здебелила, има целулит, алергија или некој друг моментален проблем на телото. Верувајте дека мажите доколку дошле до момент да имаат односи со вас, не ги интересира дали имате 2 кг плус или пак црвенило на левата потколеница, едноставно сакаат да го направат тоа најдобро што може при што и двајцата би биле задоволни. Заборавете на недостатоците сите ги имаме, само уживајте и опуштете се.

Не сакате орален секс

Во ред, можеби не сте жена која сака да прави "егзибиции" сака само нормален вагинален секс без никакви додатоци, но тоталното избегнување на оралниот секс може да му даде погрешен знак на вашиот партнер, дека не му верувате, дека се "гадите" од неговото тело или дека не го сакате доволно. Затоа воведете го оралниот секс во вашите интимни игри, тоа ќе ја зацврсти вашата врска, а истовремено тој ќе ви врати со двојно повеќе. Секако зборуваме за орален секс со партнер на кој му верувате и кој веќе подолг период е дел од вашиот живот.

Станувате од креветот веднаш откако сексот ќе заврши

Можеби е потребно да се исчисти нередот откако забавата ќе биде готова, можеби нередот е поголем или не испланиран, но, ова не значи дека истиот не може да почека барем 10 минути. Мажите сакаат кога жените се галат после сексот, што им дава на знаење дека таа е задоволна. Доколку веднаш станете за да се средите, можете да му дадете на знак дека ова сте го правеле само за него и неговото задоволство, а вас ви е се едно, што воопшто не е добро.  Дајте му комплимент, не општ туку директен, кажете му точно што најмногу ви се допаднало, со ова дефинитивно ќе го подобрите квалитетот на вашата наредна игра. И, да, не замерувајте му доколку веднаш заспие, тоа е знак дека бил навистина задоволен.

Се облекувате формално

Да, вие сте во врска повеќе години, веќе знаете што чувствувате еден кон друг и се тоа е нормално и добро, но, тоа ни малку не е оправдување што вие дома го дочекавте во тренерки. Со ова не сакаме да кажеме дека вие треба постојано да шетате пред него во секси, црвена танга, но да бидеме реални, сите мажи се визуелни суштества и ако постојано се однесувате формално со облеката, може да оставите многу лош впечаток или тој да се почуватвува дека повеќе не ви се допаѓа, без разлика што тоа вие не го чувствувате.

 

 

 

 

 

www.doktori.mk, 24.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил