Се што треба да знаете пред да поченете да користите секс играчки

Играчките кои денеска се, се, повеќе на располагање се добар начин да го зачините вашиот сексуален живот со партнерот. Но, постојат работи кои морате да ги знаете пред да започнете да ги применувате овие играчки, за да го добиете посакуваниот ефект за кои се наменети.

Што сака партнерот?

Изненадувањата се добра и убава работа, но изненадувањата со некоја секси играчка треба да бидат многу проверени, пред да се направат. Треба да го познавате добро вашиот партнер, да знаете што точно сака, на што е спремен. Иако жените сметаат дека се што е поврзано со сексот мажите го обожуваат, сепак не е така. Доколку не го познавате партнерот или партнерката и изберете некоја секси играчка, тоа може да биде навредливо за него или за неа, да се почувствува засрамено или понижено. Затоа трудете се секси играчките да ги бирате заедно, а доколку сакате да му направите изненадување, тогаш купете го она за што добро знаете дека на него или на нејзе и се допаѓа.

Што вие сакате?

Секогаш пред да купите некоја играчка од секс продавниците, размислете дали вие навистина сакате да сте дел од таа игра, доколку се чувствувате непријатно, немојте да ја кучувате само поради задоволството на партнерот.

Проверени и сигурни секс продавници

Секогаш купувајте секс играчки од проверени и сигурни продавници. Никогаш немојте да порачувате од сомнителни сајтови или да купувате од тезги и слични импровизирани продавници. Особено внимавајте со лубрикантите, вибраторите или сличните играчки кои доаѓаат во директен контакт со слузокожата во интимната регија. Последиците од купување на сомнителни играчки можат да бидат сериозни.

Хигиената на играчките мора да биде на високо ниво

Секс играчките мора да се одржуваат во беспрекорна чистота, особено ако е играчката во постојан добир со интимната регија и кај партнерот и кај партнерката. Доколку ова не го почитувате многу лесно може да станете мета на сложени инфекции, и други компликации.

Упатство за употреба

Секоја играчка има уатство за употреба и морате да се придржувате кон истото. Во спротивно можете да спечалите повреда која во интимните регии може да биде навистина незгодна. Неправилното користење на секс играчките може да предизвика крварења, нагмечотини, модринки, па дури и стерилитет, затоа внимателно.

Секс играчките се создадени да експериментирате и да уживате со вашиот партнер. Научниците не ја забрануваат нивната употреба туку напротив, ја оправдуваат. Сепак, како и со се останато така и со ова мора да се внимава.

www.doktori.mk, 23.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил