Воени повреди на абдоменот

доктор на медицина

Околу 10% од пациентите кои се донесени во болница имаат абдоминални повреди. Процентот е многу помал каде времето за трансфер во болница е подолго. Лезиите во абдоменот, предизвикани од истрелно оружје на мала оддалеченост и проектили со голем енергетски трансфер се скоро секогаш летални. Сериозноста на повредите зависи од тоа кој и колку абдоминални органи се повредени. Кога е повреден голем крвен сад и пациентот се наога во шок при прием, прогнозата најчесто е лоша. Од 25% до 40 % од повредите се асоирани и со торакални повреди, а 5% пенетрираат во пернеумот. Прогнозата на повредите зависи од

  •  типот на оружјето со кое е нанесена повредата

  •  колку и кои органи се повредени

  •  времето изминато од повредата

На прием треба внимателно да се испитаат предниот и задниот дел на абдоменот, да се нотира бројот на повредите, да се одреди кои органи се оштетени врз основа на локацијата на раните, да се провери дали има повреди во долниот дел на тораксот или пак перинеумот, дали има руптура на слезина или црн дроб, и кај затворени повреди, итн.

Ресистуцијата на физиолошките функции вклучува интравенозна линија, уринарен катетер, назогастрична сонда, рутински третман со антибиотици. Лапаротомија треба да се изведе што е можно побрзо, ако дозволува состојбата на пациентот. Морталитетот и морбидитетот се зголемуваат со времето изминато од повредата до оперативниот зафат. Пациенти со интраабдоминално крварење кои се во шок имаат приоритет при третманот над оние со перфорација на црева. И двете состојби се потенцијално фатални. Основен хируршки план операционото поле се потготвува така што инцизијата може да се прошири нагоре кон тораксот и надолу кон карлицата се преферираат инцизии на средишната линија, од ксифоидната коска до симфизата на пубичната коска, основно правило е да се користи формална ексцизија отколку да се проширува абдоминалната рана доколку дозволува состојбата на пациентот, раните на задната страна на абдоменот треба да се третираат пред да се изврши лапаротомија.

Најчесто крварењето е од цревниот мезентериум, а понекогаш може да биде од големи крвни садови на задниот абдоминален ѕид, други извори на крварење се повредите на хепарот и слезината а посебно треба да се внимава при отварање на ретроперитонеален хематом кој служел како тампонада на некоја повреда на крвен сад треба да се прегледаат сите органи на алиментарниот тракт, да се нотира ако има слободна цревна содржина во абдоминалната празнина, како и да се најдат и третираат сите перфорации, кои можат да бидат многу мали и на неочекувани места, но се потенцијално фатални миризбата на фекалии може да е едниствен индикатор за повреда на црево тенкото црево е најчесто повредуван орган, и треба внимателно да се прегледа по целата негова должина, доколку има перфорации тие треба примарно да се затворат со едноставна сутура и да се одложат за понатамошен третман се додека не се пронајдат сите други повреди, крварењата од мезентериумоте подобро е да се спречат со сутури отколку со лигатури колон: ретроперитонеален хематом, емфизем во делот на асцедентниот или десцедентниот колон, фекална миризба, сето тоа се индикации за егзаминација на лезии на ретроперитонеалната површина стомак и дуоденум: доколку има лезија на предната страна на стомакот, тогаш многу е веројатно дека ке има и на задната страна, која треба да се прегледа со отварање на гастро-количниот оментум.


Другиот дел на дуоденумот се прегледува со помош на Кохеровиот маневар (сл.1) холестазата е индикација за повреда на панкреасот или дуоденумот (сл.2), третиот дел од дуоденумот се визуелизира со отварање на мезоколичниот оментум и инцизија на дуодено-јејуналниот лигамент.

  •  конечно се ипитува ректумот и мочниот меур сите лезии треба адекватносе санираат

  •  не треба да се губи време во барање на страни тела

  •  на крајот на операцијата, абдоминалната празнина треба темелно да се измиесо физиолошки раствор

  • абдоменот треба да се затвори со вклучување на перитонеумот и фасциите, а потоа и кожата со засебна сутура, доколку раната е многу контаминирана
     треба да се остави отворена за DPC

  •  по затворањето на абдоменот се ексцидираат сите површни повреди и сеoставаат отворени за DPC
    Постоперативната нега вклучуба што е можно побрзо отстранување на назогастричната сонда и враќање кон нормална исхрана. Интравенозната исхрана со аминокиселини ретко е можна во воени услови, но не смее да се изостави исхраната преку назогастрична сонда. Исто така уринарните катетри и дреновите кои се поставени во абдоминалната празнина треба што е можно побрзо да се отстрана, зашто претставуваат место за влез на инфекти, повеќето од дреновите се отстрануваат после 24 часа. Понатамошната рехабилитација вклучува рана мобилизација на болниот и подобрување на општата состојба.

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 22.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина