Здравствен профил на компирот

студент по медицина

Енергeтската вредност на компирот изнесува само 86 kcal на 100 грама оброк (варен компир) .
Компирот е производ поволен за исхрана на луѓе од сите возрасти – драгоцен извор е на енергија и јаглеродни хидрати (скроб). Се послужува како самостојно јадење за едноставни и за сложени салати со месо, во разни додатоци за супи и во градинарски варила. Компирот е едногодишно растение и е еден од најраширените производи во светот. 

Има повеќе видови ран, среден, доцен , за човечка исхрана, индрустриски, сточен и универзален. Со векови се одгледувал како украс со кој во текот на забавите се кителе високите личности, па дури и кралевите. До употреба на компирите како производ кој секојдневно се консумира меѓу народот дошло поради повремена немаштија и глад. Јадењата од компир станале секојдневни . Застапен е во исхраната во тек на целата година , со прифатлива цена, заситува, може едноставно да се подготви и на различни начини.

 Зачувајте го витаминот Ц

Енергетската вредност на компирот изнесува само 86 kcal на 100 грама оброк (варен компир). Во 100 грама свеж компир има 80.96 отсто вода, 0.14 грама масти , 1.89 грама белковини, 15.90 грама јаглеродни хидрати (13.35 грама скроб, 1 грам шеќер), и 1.7 грама влакна. Истото количество компир по својот состав има 2.5 пати помалку јаглеродни хидрати отколку лебот, што се прави значаен во исхраната на дијабетичарите . Лебот 40 грама може да се замени со 100 грама компир.

 При термичка обработка на производите витаминот ц во голем дел се разорува, а во компирот тоа се случува ако се подготвува излупен и исецкан. Кога компирот се вари со кора, се зачувува една третина од витаминот ц, а печен во кора се губи незначително. Витамините и минералите ги има во кожичката на компирот и непосредно под неа, поради тоа се препорачува да се лупи само тенок слој или да го варите и печете неизлупен .Во зависност од времето на зреењето, разликуваме млад и стар компир . Младиот содржи повеќе шеќер ,витамин ц и вода, а стариот повеќе скроб . 

Помага при ревма и при гихт

Компирот содржи елементи кои дејствуваат одлично врз човековото здравје и лекуваат болести како што се гихт и ревма. Во народната медицина компирот се употребува како помошно лековито средство кај ревматизам, кај воспаление на зглобовите, кај главоболки, при високата температура, изгореници, смрзнатини, во облик на каша од излупен компир. Кај проблеми со слузницата на желудникот се употребува сок од компир. Сок од компир се добива така што компирот се лупи, ситно се ренда и сокот се цеди. Со оглед на тоа што нема многу пријатен вкус , може да се помеша со сок од морков или да се разреди со вода. Тој сок е богат со базични елементи и ја врзува за себе мочната киселина со што помага кај гихт, ревма и артритис. Кората од варен компир го намалува зголемениот крвен притисок . Изгорениците можат да се лекуваат со облоги од ладен компир. 

Дознајте повеќе за Елвис Ќаили

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 22.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана