Доктори.мк | Направете сами - рецепт против воспаление на синуси | Napravete-sami-recept-protiv-vospalenie-na-sinusi | Портал за медицина и здравје

Направете сами - рецепт против воспаление на синуси

Воспалението на синусите е чест проблем кој мачи голем дел од популацијата, особено на нашите простори. Затоа денес во продолжение на рубриката "Најздравите рецепти на едно место" ви нудиме еден природен рецепт кој би можел да ви помогне во справување со оваа состојба.

Потребни состојки:

  • 50 грама рен
  • 20 грама ѓумбир
  • 20 грама цикорија
  • една лажичка цимет

Подготовка:

Ренот, ѓумбирот и цикоријата измелете ги многу ситно и додадете ја лажичката цимет. Оваа смеса ставете ја во стаклена тегличка и оставете ја 10 дена да отстои близу до извор на топлина (парно, шорет). За време од 10 дена додека стои често протресувајте ја. Откако ќе помине времето секое утро на гладно половина час пред оброкот земајте по една мала кафена лажичка.

www.doktori.mk, 21.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана