Природни решенија против псоријаза

Има голема вистина во поговорката "Приодата лекува се" бидејќи речиси секој состојба на телото може да биде третирана со природни решенија, кои ќе помогнат состојбата да се излекува или да се намали. Псоријазата е незаразно хронично заболување. Многумина патат од ова заболување и се во постојана активна потрага по решение. Ние денес ќе ви помогнеме со неколку лесно достапни и природни намирници кои можат да ви помогнат во борбата со оваа болест.

Морска вода

Искуствата покажале дека капењето во морска вода и третирањето на зафатените подрачја со морска вода може да биде многу делотворно кај псоријазата. Затоа доколку патите од ова заболување и имате можност, тогаш вашиот летен одмор секогаш поминувајте го што подолго и со што повеќе капење во морската вода.

Јаболков оцет

Ова е еден од најделотворните природни препарати за борба против псоријазата. Познавачите велат дека 30-минути е потребно држење на облоги од јаболков оцет на зафатените подрачја. Јаболковиот оцет е најдобар кога е направен дома.

Кори од банана

Корите од банана се навистина делотворни против псоријаза. Држете кора од банана редовно на зафатените подрачја.

Алое вера

Алое е растение кое е ефикасно во многу заболувања, а тука секако е и псоријазата. Користете крем, масло или гел од алое вера.

Лененово масло

Редовното третирање на заболените подрачја со лененово масло може исто така да биде едно ефикасно природно решение против ова мачно заболување.

Се надеваме дека ви помогнавме и дека барем една од горенаведените намирници ќе биде делотворна и кај вас, доколку и вие сте зафатени од ова хронично заболување.

www.doktori.mk, 11.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина