Доктори.мк | Топ десет здрава храна за деца | Top-deset-zdrava-hrana-za-deca | Портал за медицина и здравје

Топ десет здрава храна за деца

доктор по стоматологија

Желба на родителите е да имаат здрави и силни деца. Но, за да биде тоа така, тие треба да ги научат уште од најраното детство да ја консумираат здравата храна и корисните намирници. Во продолжение ви ги претставуваме топ 10 намирници кои спаѓаат во здрава храна за деца која е од особено значење за правилниот раст и развој на детето.

  •  СПАНАЌ – Овој зеленчук е вистинска витаминско минерална бомба. Содржи бетакаротин и лутеин кои се корисни за видот и калциум кој им е најпотребен на коските и забите.

  •  ЈОГУРТ – Во себе содржи активни бактерии кои го јакнат имунитетот, ја подобруваат срцевата работа и го смируваат воспалението на желудникот.

  •  ЖИТАРКИ – Овие намирници брзо го снабдуваат организмот со енергија и го намалуваат нивото на холестерол во крвта. Богати се со витамини, минерали, лесносварливи белковини и минимална количина на масти. Содржат и бета-глукагон кој го намалува нивото на шеќер во крвта.

  • ДОМАТИ – Во себе содржат провитамин А, железо, цинк, калиум. Во него има Витамин Ц исто колку и во лимонот. Богат е и со ликопен антиоксидант кој го штити организмот од слободните радикали.

  •  ПИЛЕШКО МЕСО – Ова месо е богато со Б-витамини, селен, железо, фосфор и цинк. Содржи и белковини кои се неопходни за растот и развојот на детето.

  • ТИКВА – Содржи многу каротин и аскорбинска киселина и добра е да се јаде поради тоа што го јакне имунитетот.

  • ГРАШОК – Содржи многу белковини, растителни влакна, Б-витамини, фолна киселина и минимална количина масти. Го намалува нивото на холестерол во крвта, а сите корисни материи ги содржи и мешунката на младиот грашок.

  • ЈАБОЛКО – Важна ужинка која мора да се јаде во било каков облик.

  • БРОКУЛА – Богата е со витамин Ц, каротин и хранливи влакна, а содржи и материја која го зголемува нивото на белковините и ги уништува канцерогените клетки.

  • ЧАЈ – Во чајот има многу флуор кој делува полезно врз емајлот од забите и придонесува за неговото зајакнување и спречување на појавата на кариес. 

 

 Д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 21.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана