Како да ги ублажите тегобите од прејадување?

Обично внимавате што јадете и колку јадете, но, понекогаш едноставно одличниот вкус на храната знае да ве опие и да ве натера да изедете двојно повеќе од потребното, па потоа и десерт... Како да ги ублажите тегобите од прејадувањето?

Таблети медицински јаглен

Овие таблети можете да ги купите во сите аптеки без рецепт. Доколку понекогаш се чувствувате како да сте голтнале топка, имате голем притисок во долниот дел од стомакот и се чувствувате како да можете да експлодирате, пробајте со овие таблети. Тие имаат моќ да ги апсорбираат непотребните гасови и да го стабилизираат дигестивниот тракт. Сепак немој да ви преминат во навика бидејќи и тие имаат некои нус појави како и сите лекови, особено доколку користите таблети за срце.

Чај од нане

Чајот од нане може исто така да ве ослободи од мачнината така што ќе ги неутрализира непријатните гасови и ќе го освежи здивот. Сепак не се препорачува доколку страдате од враќање на киселини од желудникот, бидејќи го опушта сфинктерот и може да ја потенцира состојбата.

Лаксативите се бескорисни

Во ситуација веднаш по прејадување, лаксативите се бескорисни, бидејќи тие го празнат дебелото црево, но, храната е во желудникот. Лаксативите ќе ве натераат да одите во тоалет, но нема многу да ја подобрат вашата состојба.

Прошетајте 

Прошетките се многу делотворни, иако се чувствувате статични, сепак и најмалите прошетки ќе помогнат да се подобри вашата состојба.

 

www.doktori.mk, 20.10.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана