Воени повреди на градниот кош

доктор на медицина

Повредите на градниот кош сочинуваат 15-20% од сите воени повреди. Местото на влезната рана кај овие повреди најчесто е на латералниот и долниот дел од тораксот.


Многу од пациентите умираат од повреди на срцето и големите крвни садови уште пред да стигне медицинската помош. Обезбедувањето на адеквата вентилација и спречување на крварењето како и третиранње на животозагрозувачките состојби, хиповолемија, респираторна инсуфициненција, масивен хемоторакс, срцева тампонада, итн, се од примарно значење. Можна е појава на емболизам ако при повредата ервејот и пулмоналната вена дојдат во комуникација.Третманот треба да обезбеди воспоставување на нормалните физиолошки функции,активен и соодветен третирање на шоковата состоја како би се спречиле посттравматскте компликации. На сите пациенте треба да им се дадат 5 милиони единици интаравенозно во 6-часовни интервали, со замена за орални пеницилини после 24 часа, ако состојбата на пациентот тоа го дозволува.


Хемоторакс или хемопневмоторакс е присутен кај повеќето пациенти со интраторакални воени повреди.Оперативна контрола на крварењето ретко кога е потребна.Крварењето од паренхимот на белите дробови спонтано запира. Само лацерација на голем хиларен крвен сад, или интеркостална артерија, или вена субклавија, дава крварење за кое е потребен хируршки третман.Кај пациенти со перфорација на дијафрагмата, крварењето често доаѓа од абдоминална повреда. Кај повеке од половина од овие пациенти хеморагичниот шок настанува како последица од интра-абдоминално крварење. По дијагностицирањето на хемотораксот треба да се постави дрен и да се врши циркулаторна ресуституција. Торакоцентеза може да се користи како дијагностичка постапка, но не и за третман на хемоторакс.Пнеумоторакс имаат помалку од 20% од пациентите со пенетрирачки воени повреди.Протокот на воздух нема да е голем ако е повреден само белодробниот паренхим. При целосна експанзија на белите дробови и плеврална апозиција, протокот би престанал за два до три дена.

Методи за евакуација на содржината од градниот кош

Влезните и излезните рани треба да се ексцидираат со отстранување на девитализираното ткиво. Интаракосталното васкуларно крварење се спречува со лигатури. Плеврата и длабоките мускули треба да се затворат, за да во нив не навлегува воздух, додека останатите делови на раната се оставаат оворени за DPC после петиот ден.

Итна торакотомија им е потребна на на мал дел од пациентите. Индикации за торакотомија се:

  • Масивно крварење (повеке од 1000-1500ml во времето кога се поставува дрен, и 200-300 ml/h за четири часа.

  • перзистентен плеврален проток на крв преку 24 часа, или порано доколку тој е масивен

  • медијастинална повреда, или

  • голем дефект на ѕидот на градниот кош

Езофагеалните повреди се многу ретки. Сите нетретирани пациенти умираат. Ако се сомневаме за повреда на езофагусот, од пациентот се бара да голтне неколку кубни сантиметри дилуиран метиленско плаво. Присуството на бојата во плевралната празнина е индикатор за повреда на езофагусот.

Сомневање за бронхална повреда има кај:

  • пневмоторакс, каде не може да се постигне експанзија на белодробието и после дренажа

  • очигледен медиастинален емфизем

  • појава на ателактази кои не можат да се корегираат со вообичаена конзервативна терапија

  • хемоптиза, диспне или субкутан емфизем

  • Репарацијата е најдобро да се изврши со примарно затварање 

Срцеви повреди. При срцева тампонада ако перикардиоцентезата не е успешна, трбена веднаш да се направи торакотомија. А доколку иницијалната аспирација била успешна, но сепак има знаци за срцева тампонада треба да се направи хируршка експлорација. При тоа треба да се внимава да не се повреди фрничниот нерв. При сутура на миокардот се прави добра сутура за са се избегне лацерација, како и да се превенира хернизација на срцето во левата плевралан празнина.
Торакалниот емпием ретко се појавува ако повредите на градниот кош се третираат адекватно. Причината за емпием е некомплетна евакуација на крвта во градниот кош и реекспанзија на белодробието. Ако настане емпием тој треба да се дренира со техниките на дренажа на затворен граден кош или да се направи отворена торакостома.

Торакоабдоминалните повреди се јавуваат кај 10-40% од торакалните повреди. Во 99% од овие повреди, местото на влезната рана е во градниот кош под шестото ребро, назад и четвртото ребро, напред. Кај секоја пенетрантна повреда ако влезната рана е во ниво на четвртиот интракостален простор и пониско, треба да се посомневаме за интраабдоминална повреда. Најчеста причина за морталитет кај овие повреди е незабележаната абдоминална повреда.
Интракостален нервени блокови се корисни методи за анелгезија на болаките на ѕидот на градниот кош. Тие траат неколку часа, и потребно е нивно повторување.

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 19.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина