Природен рецепт за подобрување на срцевата функција

Имате срце и сакате да го зачувате? Денешниот рецепт е едноставен и може да ви помогне во намалување на тегобите кои се последица на некое срцево заболување. Еве што ви е потребно ...

 

Потребни состојки:

  • 8 лажици иситнет сув рузмарин

  • 3 лимона

  • 500 г. шеќер

  • 2 л. вода

Приготовка:

Иситнетиот рузмарин ставете го во 2 л. вода. Ставете го да се вари. Смесата нека врие се додека не се испари течноста така што ќе остане 1 л. вода. Тоа би се случило за околу еден час. Потоа додадете го шеќерот и лимоните. Лимоните треба да бидат исечени на парчиња и без кора. Откако ќе го додадете шеќерот и лимоните, оставете ја смесата на оган уште триесетина минути.

Откако ќе ја тргнете смесата од оган ставете ја во тегла. Земајте од смесата секој ден по три пати по една лажица.

 

www.doktori.mk, 18.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана