Греано вино - традиција, лек и задоволство

Периодот на горештините е зад нас, времето е променливо, а ледено ниските темперaтури само што не започнале. Сезоната за греење на вино е на прагот да започне. Многумина од нас уживаат во греаното вино, дури и оние кои не се љубители и чести конзументи на овој пијалок. Сигурно е дека овој пијалок е традиција и задоволство за конзумирање, но дали овој пијалок е и лек? 

Секако дека да. Правилниот рецепт за греано вино е променлив, во зависност од тоа за што го користиме. Греаното вино најмногу се користи како лек против настинка, грип, температура, подобрување на циркулацијата и крвната слика.

Греано вино против настинка, традиција и ефикасен лек

Греано вино против настинка е многу користен и многу ефикасен лек. За да го добиете потребниот квалитет на лекот, во виното додадете и неколку зрнца бибер и неколку ливчиња ловоров лист во зависност од количината која ќе ја греете. Сепак внимавајте греаното вино сепак е вино и дозата морате да ја прилагодите бидејќи во спротивно можете да искусите разни последици и секако опијанување.

Освен што греаното вино е добро против настинка интересно е што истото е можеби најмоќниот афродизјак кој може да се приготви. Една чаша греано вино е одличен начин да ја загреете атносферата помеѓу вас и партнерот, а покрај тоа го подигнува и квалитетот на сексот, ја подобрува и одржува ерекцијата.

Уште еден рецепт плус ...

Ако сакате да направите навистина вкусен и здрав напиток од црвеното вино, кој ќе има неповторлив вкус, а истовремено ќе биде и моќен афродизјак направете го следниот рецепт:
 Виното загревајте го заедно со една кора од портокал, две мускатни оревчиња, половина лажичка цимет и една лажица шеќер. За кратко време вкусен и здрав пијалок ќе биде подготвен.

www.doktori.mk, 17.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана