Ја губиме ли битката со микроорганизмите? - Постантибиотичка ера

Центарот за контрола и превенција на заболувања во САД, неодамна призна дека ерата на антибиотици е на крај. Научниците загрижени соопштуваат дека секоја година 23 илјади американци го губат животот поради супер-микробите.

Неправилната, непотребната и премногу широката употреба на антибиотиците го забрзало доаѓањето на крајот на нивната ера, велат научниците. Постојано се откриваат нови пациенти жртви на супер-инфекции кои не реагираат на ниту еден антибиотик. Микроорганизмите се покажаа како по способни да се адаптираат на антибиотиците, отколку што научниците успеваат да најдат нови адекватни начини за нивно лекување - заклучуваат научниците.

За да не се случи постантибиотичката ера многу скоро, научниците апелираат на особена внимателност. Д-р Том Фриден од CDC, вели дека сите лекари мора да бидат сериозно предупредени и да им се дадат насоки за натамошно користење на антибиотиците, бидејќи ние не сме спремни за постантибиотичката ера, а ако дојде набрзо, ќе има милиони смртни случаи за кои медицината нема да може да превземе ништо.

www.doktori.mk, 28.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина