Доктори.мк | Направете сами - едноставен напиток за топење на килограми од мед и цимет | Napravete-sami-ednostaven-napitok-za-topenje-na-kilogramite-od-med-i-cimet | Портал за медицина и здравје

Направете сами - едноставен напиток за топење на килограми од мед и цимет

Имате вишок килограми? Правите се што е во ваша моќ да ги контролирате килограмите? Но, и понатаму нема резултати или истите се минимални? Со денешниот повеќе од едноставен рецепт, ние ви нудиме помош. Погледнете, лесно е, едноставно и многу здраво, ништо не можете да загубите, освен килограмите ...

Потребни состојки:

  • Половина лажичка цимет

  • Една голема лажица мед

  • Сок исцеден од еден свеж лимон

  • 300 мл. вода

Подготовка:

Водата ставете ја на оган се додека не започне да врие. Откако водата ќе зоврие тргнете ја настрана и оставете ја да се излади додека не стане млака. Никако не додавајте ги состојките во врела вода бидејќи ќе го изгубат квалитетот. Откако ќе стане млака додадете ги циметот и медот и оставете да отстои 15/20 минути Пред консумирање додадете сок од еден или од половина лимон по желба. Откако ќе отстои 150 мл испијте наутро на гладно, а останатите 150 пијте ги пред легнување. Ова практикувајте го секој ден, искуствата покажале дека помага во борба против вишокот килограми.

 

www.doktori.mk, 15.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана