Хипербаричната кислородна терапија – дел од комплексниот третман на Аутизмот

доктор на медицина
Специјализиран ХБО2Т - Центар

Намалување на хиперактивноста, иритабилноста и воспоставување на очен контакт се само дел од позитивните ефекти кои се постигнуваат со примена на хипербаричната кислородна оксигенација кај децата со аутизам. Терапија која веќе подолго време е актуелна во јавноста. Родителите на интернет форумите ги споделуват своите искуства од примената на ХБО терапијата а дел од нив и со видео записи го документираат позитивниот напредок кај своите деца.  

Во следниот видео запис е прикажано предавањето на др. Росигнол кој ја објаснува улогата на ХБОТ кај децата со аутизам. 

Неколку причини зошто хипербаричната терапија треба да биде дел од терапевтскиот протокол кој се спроведува кај децата со аутистичен спектар на нарушувања

  •  Со ХБОТ се постигнува зголемување на протокот на крв во мозокот , се зголемува концентрацијата на кислород во мозочните клетки – овој ефект популарно се именува како будење на мозочните неврони.

  •  Единствена терапија со која истовремено се третираат воспалителните промени во мозокот и дигестивниот систем

  •  Бактерицидно или бактериостатско дејство на патогените микроорганизми кои директно го напаѓаат дигестивниот систем или делуваат преку ослободување на токсини.

  •  Стимулација на матични клетки од коскената срцевина

  •  Постојат повеќе теоретски сознанија со кои се потврдува улогата на хипербаричната оскигенација во елиминацијата на токсични метали од организмот. 

Значајни промени кои настануваат како резултат на ХБО терапијата се:

  •  Промени во однесувањето кои се манифестираат со намалување на хиперактивноста, иритабилноста и стереотипниот начин на однесување

  •  Се подобруваат способностите потребни за самостојно изведување на задачите

  •  Поголема заинтересираност да се впуштат во игра со своите врсници

  •  Подобрување на вербалната комуникација (употреба на нови зборови, формирање на реченици, ја разбираат подобро содржината на говорот)


  „Употребата на кислород во услови на зголемен    притисок претставува едно од најзначајните откритија во  медицината, кое може да се спореди со откривањето на  антибиотиците и трансфузијата на крв” – д-р Ј.Х.Јакобсон
 

дознајте повеќе за д-р Марија Јакимовска 

Специјализиран ХБО2Т Центар

www.doktori.mk, 15.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина