Доктори.мк | Направете сами - Рецепт за освежување на крвната слика | Napravete-sami-recept-za-podobruvanje-na-krvnata-slika | Портал за медицина и здравје

Направете сами - Рецепт за освежување на крвната слика

Последниот пат кога отидовте на преглед, резултатите од крвните анализи покажале дека вашето здравје не е на завидно ниво. Едноставно имунитетот паднат, маснотиите зголемени, железото и хемоглобинот под задоволителното ниво. Што да правите? Од каде да започнете? Еве еден едноставен рецепт како да направите "рефреш" на вашата крв...

Потребни состојки:

  • 1 кг - Цвекло

  • 1 кг - Морков

  • 1 кг - Јаболка

  • 4  - Лимони

  • 250 г - Мед

Подготовка:

  1. Најпрво изрендајте ги сите состојки во еден сад

  2. Додадете го исцедениот сок од 4-те лимони и промешајте

  3. Оставете ја смесата да отстои 24 часа

  4. По 24 часа, истискајте ја смесата и процедете ја преку стерилна газа

  5. Додадете го медот и мешајте додека смесата се соедини

  6. Течноста што ќе ја добиете (околу 2л.) ставете ја во стаклено шише и чувајте ја во ладилник

  7. Секое утро пијте по една чаша за ракија на празен желудник

 

www.doktori.mk, 14.10.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана