Дали е подобро да си единец

извор: www.ringeraja.mk

 

Значи, тоа се деца на кои родителите им дозволуваат се, кои добиваат се што ќе посакаат, тоа се деца кои немаат ривали во домот, љубимци на мајката и таткото, оние кои со никого не мораат да ги делат играчките и мора да бидат разгалени деца...

Тие по се, зар не, мораат да бидат разгалени, егоисти и безобзирни деца. Такво мислење во главно постои за единците. Меѓутоа науката тврди поинаку.

Единците се недруштвени

Погрешно! Со следење на однесувањето на учениците во училиште, психолозите забележале дека единците се во главно дружељубиви и полесно стапуваат во контакт и им прават услуги на останатите, повеќе од децата кои имаат браќа и сестри. Тоа е разбирливо. Тие се повеќе насочени кон надворешни контакти, бидејќи ако не ги сoздадат, ќе останат без никакво друштво, бидејќи на мајката и таткото неможат да се потпрат за се.

Единците се безобзирни

Погрешно! Ним тоа им е непознато. Тие по правило не ги искористуваат другите, нити имаат потреба некого да натераат да игра како што свират тие. За тоа има повеќе причини: кога ја примаат родителската љубов неподелена, кај единците се развива поголем сензибилитет кон другите, како и желба да подигнуваат мостови преку препреките кои стојат на патот кон другарството, да остварат склад со околината ако се појави опасност од расправија или разидување на мислењата. Со други зборови: во суштина, тие подоцна ќе бидат одлични партнери во љубовта и на работното место, добри политичари и шефови.

Единците се невротични

Погрешно! Зошто би биле? Сета љубов на родителите им припаѓа ним и почесто примаат пофалби од децата кои имаат браќа и сестри, а тоа им обезбедува добра емоционална основа за цел живот. Тие живеат со чувство дека родителите многу се грижат за нив, што ја јакне нивната самодоверба и им помага да бидат успешни во животот. И уште нешто: мајките се најчесто задоволни со своите единци, па во куќата владее добро расположение, што прави и детето да се чувствува среќно, а среќното детство е основа за среќен живот.

Единците се себични

Погрешно! Тие никогаш не биле принудени нешто да делат со браќата и сестрите, па им е полесно без притисок, доброволно и со добра волја да поклонуваат, или да ги позајмуваат своите играчки на другарчињата. Единците можеби личат на себични деца затоа што полесно се заигруваат сами и се насочуваат кон себе, па понекогаш им се припишуваат егоистични особини.

Единците не се прилагодливи

Погрешно! Уште додека се сосема мали нив не ги чуваат само родителите, туку и други личности, баби, роднини, пријатели, или некое платено лице. Дали е тоа лошо? Напротив! Токму заради тоа децата стануваат прилагодливи, бидејќи уште од мали се навикнуваат на различни лица и стануваат пофлексибилни во однос на другите луѓе.

Единците не се снаодливи

Погрешно! Тие растат и се развиваат во мал тим со силни партнери – своите родители. Во односот со нив мораат добро да се снаоѓаат за да се пробијат со своите желби, а тоа го учат од најраната младост. Притоа, мајката и таткото ги поттикнуваат секој пат кога добро ќе се снајдат во некоја ситуација.

Единците се по склони кон болести

Погрешно! Имунитетот на детето е индивидуална работа.

Заклучок:

Единците поминуваат во животот барем исто толку добро и успешно како децата кои имаат браќа и сестри, ако не и подобро. Околу 40% од единците стануваат угледни и познати луѓе во сферата на својата професија.

 

 

 

www.doktori.mk, 12.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости