Сончоглед "супернамирница" која има се што ни треба

Уште пред да започнеме да дискутираме за сончогледот, веднаш да напоменеме, ќе зборуваме за сончоглед кој е чист и без сол. Научниците го ставаат во категоријата на супер храна која е во првите 20 најмоќни намирници против карциномот.

Сончогледот е една од првите одгледувани растенија во Америка. Индијанците од Мексико и Перу го одгледувале повеќе од 5 000 години што е доказ на квалитетот. Научниците велат дека сончогледот е во првите 20 намирници кои се моќни против карциномот, затоа е класифициран во супер храна. Сончогледот е полн со витамини, најмногу има витамин Е, витамини од групата Б, бета каротен, витамин Д6 и други во помали количини.

Од минералите сончогледот најмногу содржи: магнезиум, бакар, селен, цинк, фосфор, натриум, калиум, железо и др. Од протеини сончогледот содржи 20%, повеќето од нив содржат есенцијални амино киселини неопходни за нашиот организам. Сончогледот содржи и масти, но најмногу полинезаситени масни киселини, најмногу линолна киселина која влијае врз намалување на холестеролот во крвта. Исто така сончогледот содржи и фитостероли кои исто така влијаат врз намалување на холестеролот во крвта. Содржи и многу антиоксиданси, од кои најмоќни се витаминот Е и селенот.

Сончогледот може да го користите во разни специјалитети, пици, погачи, или едноставно да го грицкате додека гледате некој добар филм или уживате во разговорот со пријателите, но внимавајте доколку сончогледот е стар и посолен, сите овие позитивни ефекти едноставно ќе исчезнат. Солот е супстанца која е штетна за организмот, особено ако се внесува со посолен сончоглед, бидејќи така се внесува во големи количини.

www.doktori.mk, 13.10.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана