Доктори.мк | Комбинацијата на куркума и карфиол превенира рак на простата | Kombinacija-na-kurkuma-i-karfiol-preveniraat-rak-na-prostata | Портал за медицина и здравје

Комбинацијата на куркума и карфиол превенира рак на простата

Карциномот на простата е многу чест проблем кај мажите во постара возраст. Затоа научниците препорачуваат консумација на куркума и карфиол кои се моќни заштитувачи не само на простата туку и на многу други органи во телото.

Куркумата е неверојатно моќна во лекување и спречување на развојот на карциномите - велат научниците. Таа помага да се пречисти црниот дроб, да се подобри функцијата на дигестивниот систем и мозокот, да се зачува и зајакне функцијата на имунитетот. Таа содржи многу антиоксиданси и материи кои ги нема во други растенија, а се многу моќни во зачувување на здравјето. Некои истражувања покажуваат и дека куркумата е едно од најмоќните оружја против метастазирања на карциномите.

Според многу од познавачите на алтернативната медицина, мешавината од карфиол и куркума е еден од најмоќните превентиви против развој на се почестиот карцином на простата кој се јавува многу често во подоцнежниот период од животот кај мажите. Експертите не посочуваат специфичен рецепт за тоа во кој однос да се подготват овие намирници за да го дадат најсилниот ефект, но уверуваат дека како и да го правите тоа секако ќе имате корист. Освен за превенција на карцином на простата, научниците велат дека оваа комбинација може да превенира и карцином на дојка и леукемии во младите години на децата.

www.doktori.mk, 11.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана