Менструална мигрена

студент по медицина

Менструалната мигрена е состојба која може да се дефинира како збир од: интензивна главоболка, чувствителност на светлина, лесно надразнување од звуци и мириси, мaчнина и повраќање и сето тоа комбинирано со тегобите кои се јавуваат за време на менструалното крварење.

Кај повеќето жени појавата на менструалната мигрена е со првото менструално крварење и како главна причина која доведува до оваа состојба се наведува падот на нивото на естроген непосредно пред менструалното крварење. Меѓутоа на појавата на мигрената и нејзиниот интезитет влијаат и други фактори како што се недостигот на сон, прескокнување на оброците, временските промени, консумирањето на алкохол, чоколади, полномасни млечни производи и сувомеснати производи. Манифестирањето на мигрената е најчесто два дена пред почеток на крварењето и првите три дена по почетокот на крварењето.

Постои  поврзаност  и  помеѓу  употребата  на  таблети  за  контрацепција  и  интензитетот  на  главоболката  при   менструална  мигрена  па  поради  тоа  потребна  е консултација  со  вашиот гинеколог  со  цел  изнаоѓање на  најдобро  решение  за  спречување  и намалување  на  интензитетот  на  оваа  непријатна  состојба. Како  превентивни мерки  и  мерки  кои  би  го олеснале  интензитетот  на мигрената  се  пиење  на  доволна  количина  вода, консумација  на  банани  и  студени  облози  на  главата.

 

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

дознајте повеќе за Лорија Цекова > > >

www.doktori.mk, 11.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина