Бебињата познаваат кој е добар, а кој лош

извор: www.ringeraja.mk

 

Од шестиот месец на својот живот бебињата почнуваат да познаваат кои од луѓето кои ги опкружуваат се добри, а кои лоши. Тоа сортирање на луѓето се должи на уникатното својство на мозокот да го дели светот на црно и бело.

Во шестиот месец детето може да го почувствува однесувањето на луѓето кои се околу него и соодветно да почувствува кои луѓе се потрпеливи и подобри, а кои понервозни и полоши. Фактот што дете, кои сеуште не е способно да зборува, може да прави социјална диференцијација на светот е феномен, кажуваат професорите на Универзитетот Јејл.

Заклучоците се направени врз основа на одредени примероци кои им се покажани на бебињата. Првиот е фигура која се искачува по ридот, вториот некој кој го попречува да се искачи, а третиот е некој кој му помага на првиот.

Бебињата ги подавале рацете токму кон третата фигура. Ова го потврдува фактот дека децата во најрана возраст се способни да проценат каков тип се луѓето околу него.

Нивни колеги, исто од САД, тврдат дека бебињата спијат речиси 18 часа на ден, но тие всушност во сонот учат. Новороденчињата постојано ги обработуваат информаците кои ги добиваат, дури и кога спијат.

Овој тест беше успешно спроведен на 24 од вкупно 26 бебиња.

 

 

 

www.doktori.mk, 10.10.2014

Последна вест

Најчитани статии - занимливости