Доктори.мк | Вкусна и здрава есенска супа од карфиол | Vkusna-i-zdrava-esenska-supa-od-karfiol | Портал за медицина и здравје

Вкусна и здрава есенска супа од карфиол

Есента веќе пристигнува, па поради ова време е да го промениме и начинот на исхрана. Време е да се ориентираме кон здрава и густа супа, која ќе ни обезбеди многу витамини, минерали и енергија за есенските денови. Денес имаме рецепт за супа која е лесна за приготовка, но и многу ефикасна и здрава, а се базира на плодот и листовите од карфиолот кој има веќе докажано дејство за здравјето.

Потребни состојки:

  • половина глацичка карфиол заедно со листовите од карфиолот

  • 50 мл маслиново масло

  • 2 лажици обично брашно

  • магданос

  • вегета

  • бибер

Приготовка

Карфиолот исецкајте го на ситни парченца, исто така и листовите претходно измиени исецкајте ги на што по ситни парчиња.  Загрејте го маслото, а потоа додадете го брашното мешајте додека не добие пријатен мирис, но внимавајте да не загори.  Откако ќе го испржите брашното додадете 200 мл вода, кога ќе започне да врие додадете ја вегетата и карфиолот заедно со листовите. Потоа оставете да поврие 7 минути, па додадете го магданосот и биберот.

Консумирајте ја топла бидејќи тогаш е највкусна. Пријатен апетит ...

www.doktori.mk, 09.10.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана