Гасна гангрена

студент по медицина

Тоа е бактериска инфекција која произведува гас во ткивата со гангрена. Смртоносна форма на гангрена обично предизвикана од Clostridium perfringens - бактерии. Претставува медицински итен случај.


Мионекроза е состојба на некротични оштетувања, специфични за мускулното ткиво. Често се гледа во инфекции со Clostridium perfringens или било која од огромниот број бактерии на почвата Бактериите предизвикуваат мионекроза преку специфични егзотоксини. Овие микроорганизми се опортунистички и може да влезат во телото само преку оштетувања на кожата. Други причини за мионекроза се: каснување од змии, исхемична некроза - предизвикана од васкуларна блокада (на пример, дијабетес тип II), тумори кои го блокираат снабдувањето со крв, дисеминирана интраваскуларна коагулација (ДИК) или други тромбози . Гасната гангрена, предизвикува многу болно отекување. Кожата добива бледа до кафеаво-црвена боја. Ако притиснете на потечената област со прстите, може да се почувствува нешто крцкаво. Рабовите на инфицираната област растат толку брзо што промените може да се видат во текот на неколку минути. Областа може целосно да биде уништена.

Симптомите вклучуваат:

  • Поткожен емфизем

  • Плускавци исполнети со кафеаво-црвена течност

  • Дренажа од ткивата, кафеаво-црвена или крвава течност

  • Тахикардија

  • Умерена до висока температура

  • Умерена до силна болка околу повредата

  • Прогресивен оток околу кожата

  • Потење

  • Жолта боја на кожата

Терапија

Потребно е хирург брзо да го отстрани мртвото, оштетено, и инфицирано ткиво. Ова се нарекува дебридман.  Хируршко отстранување (ампутација) на раката или ногата може да биде потребно за контрола на ширењето на инфекцијата. Исто така, мора да се дадат антибиотици, обично пеницилин и клиндамицин, се даваат интравенски . Лекови против болка често се препишуваат.


 

Можни компликации:

  • Кома

  • Делириум

  • Жолтица со оштетување на црниот дроб

  • Бубрежна инсуфициенција

  • Шок

  • Ширење на инфекцијата низ телото (сепса)

  • Ступор

 

www.doktori.mk, 09.10.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина