Знаци кои укажуваат дека ви е потребна детоксикација

За детоксикацијата веќе многу пати сме пишувале, како и за тоа како правилно да ја изведете. Но, како да знаете кога истата ви е неопходна? Прочитајте во продолжение.

Нагли промени на расположението

Доколку имате нагли испади на бес, страв или депресија, тогаш ова е знак дека како прв чекор треба да започнете со процес на детоксикација. Акумулацијата на секојдневниот стрес е вистински лепак за токсини во телото, па ако одамна немате применувано метода за детоксикација и притоа се чувствувате напнато, тогаш време е да започнете со некоја ефикасна метода.

Дигестивни проблеми

Подуеност, нередовна столица, болки во стомакот ... Ова се симптомите кои укажуваат дека на вашето тело му е дојдено "преку глава" од вашите нередовни и неправилни брзи оброци. Доколку овие дигестивни симптоми започнуваат зачестено да се јавуваат, тогаш сигурно е дека на вашето тело му е потребна детоксикација.

Кожни промени

Пукнати капилари, ерозии, акни, испукнатини, се ова се промени на кожата кои се предизвикани главно од токсини. Доколку истите се јавуваат зачестено во последните неколку месеци, тогаш ова е знак дека исто така е време да започнете некој третман за детоксикација.

Намалена концентрација

Газирани сокови, кафиња, енергетски напитоци, се ова го терети организмот го прави зависен на токсини. Ова ќе се одрази на вашата концентрација, ќе се чувствувате напнати, нервозни, збунети... Доколку ова е чест симптом кај вас тогаш е потребна детоксикација.

Доколку во последните неколку месеци редовно забележувате барем два од горе наброените четири симптоми, тоа со сигурност е знак за натрупување на токсини во вашето тело и потреба за детоксикација. Затоа правете детоксикација на вашето тело барем еднаш до два пати годишно, бидејќи навистина му е потребна на вашиот организам.

www.doktori.mk, 06.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил