Четирите најмоќни намирници во октомври

Октомври е месец кој покрај тоа што го навестува ладното време, ги донесува и најздравите плодови на есента. Прочитајте кои се четирите најмоќни супернамирници на месец октомври ...

Тиква

Тиквата е намирница која е особено богата со состојки кои се потребни и важни за организмот,  како што се: Витамини А, Б, Ц, Е, потоа, калциум, калиум, магнезиум, лутеин, манган. Незаситени масни киселини, пектин, фосфор, цинк, фитостерон, салицилна киселина, каротени. Растителни влакна. Освен наброените, тиквата содржи и многу други корисни состојки кои се среќаваат во сите плодови.

Јаболко

Јаболкото нема голема енергетска и калорична вредност. Јаболкото е едно од најпогодните овошја за држење на различни диети. Нема многу калории, а има многу витамини, минерали и многу состојќи кои се благодет за организамот. 100 грама јаболко има околу 53 килокалории, а 85 % од целото јаболко е вода. Најважни состојќи кои се наоѓаат во јаболката, а се корисни за организамот се: Растителни влакна и растителни масти, витамин А, Б, Ц, железо и етерични масла калциум, калиум, натриум, магнезиум, каротин, пектин, протеини, сулфур, целулоза, шеќер (фруктоза и глукоза), олиго елементи.

Пиперка

Како и претходните намирници и пиперката е богата со многу витамини и минерали. Таа содржи многу витамин А, Ц, но и многу други состојки кои се моќни во организмот. Оваа намирница можеби треба да биде на прво место како најхранлива супернамирница на месец октомври.

Круша

Растителните влакна кои ги содржи крушата се исклучително корисни пред се за дигестивниот систем, а и за кардиоваскуларниот систем. Тие исто така содржат и многу пектин, дури и повеќе од јаболката. Според многу истражувања крушата го намалува ризикот за канцер на дебелото црево и дојката. Експертите ја препорачуваат за конзумирање особено кај жените во менопаузата.

Со денешната статија сакавме само да ве потсетиме на здравите плодови кои созреваат и се берат во месец октомври, а се од исклучителна корист за вашето здравје.

Доколку имате желба да прочитате повеќе за некој од плодовите, само кликнете на поднасловот кој ќе ви покаже многу повеќе ...

www.doktori.mk, 06.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана